Започна и четиринаесеттиот Летен Академски Курс!

БЕСТ Скопје, во соработка со факултетот за Електротехника и информациски технологии– Скопје, по 15­ти пат организира Меѓународен Летен Академски курс. Оваа година во фокусот на предавањата се “3G, 4G и 5G Технологии“. Доаѓаат 25 учесници од цела Европа, кои ќе слушаат предавања од искусни професори од Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) – Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата, меѓу кои ce компаниите Македонски Телеком и Неотел. Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 3­ти до 13­ти јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.

Едукативниот не е единствената цел на овој настан, има и културно значење поради разновидноста на културите и традициите кои со себе ги носат самите учесници од различни земји во Европа. Преку организирање на бројни дневни и ноќни активности во Скопје, како и викенд патување во Охрид, учесниците имаат можност да се запознаат со културните и историските обичаи и знаменитости на Македонија, како и да ги разменат сопствените. Преку овој настан имаме можност и за подобро запознавање на студентите меѓусебно, како и ширење на нови пријателства низ цела Европа.

Leave Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three + 9 =