Апликациите за зимските курсеви за 2016 се во тек

Од 13ти септември започна аплицирањето за зимските БЕСТ курсеви. Искористете уште една совршена прилика да бидете дел од БЕСТ курс, да се дружите со студенти од цела Европа, да научите нешто ново и да патувате.

Аплицирајте до 11ти октомври на некој од 6те курсеви, меѓу кои дури три се во Франција од кои два во Париз и еден во Бордо, и по еден во Грац – Австрија, Екатеринбург – Русија и Кошице – Словачка.

Започнете да го пишувате вашето мотивациско писмо и за повеќе информации посетете ја best.eu.org/courses