БЕСТ Скопје – состанок за нови членови

БЕСТ Скопје ве поканува на првиот состанок за нови членови во оваа академска година. Состанокот ќе се одржи на 25.09.2014 (четврток), во 20 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС, Скопје.

Тука, ќе бидат претставени мисијата и визијата на организацијата, заедно со престојните настани (Регионалниот Состанок и Локалниот Европски БЕСТ Инженерски Натпревар – EBEC) и секако можностите што БЕСТ ги нуди на студентите. Покрај тоа, ќе направиме кратка презентација на академските курсеви низ Европа организирани од БЕСТ, како и како да аплицирате и побарувањата за да бидете дел од нив.
Би сакале да ве потсетиме дека овие курсеви се сосема бесплатни, со исклучок од патните трошоци, и се голема прилика да патувате, да запознаете нови пријатели, да научите нови работи и да го подобрите вашето CV.
Се надеваме дека ќе ја имаме честа да ве видиме во што поголем број.