Заврши првото издание на Job Fair 2015 – Vol.1: Build your future

На 9ти март во 20 часот во конференциската сала на Градежниот факултет во Скопје се одржа официјалното отворање на првото издание на JobFair 2015 – Vol.1: Build Your Future.

Преостанатите два дена, 10ти и 11ти март, беа денови на штандови каде студентите имаа можност да се информираат и лично да се сретнат со преставниците на компаниите учеснички на саемот.

Првото издание заврши, но во мај на комплексот технички факултети нè очекува уште подобро и поинтересно издание, JobFair 2015 – Vol.2: Get Technical.

За повеќе слики од настанот можете да ја разгледате галеријата на Flickr.