Марио Виранов и Теодора Христовска – Што значи да се биде дел од еден тим (EBEC 2016)

1. Каков настан е ЕВЕС? Кој се може да учествува и што поточно се случува?

Теодора: EBEC или European BEST Engineering Competition e најголемиот инжењерски натпревар во цела Европа што се одржува на локално, регионално и европско ниво. Настанот трае 3 дена, при што првиот ден има официјално отворање и форумска расправа. Останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две различни категории – Case Study и Team Design, при што меѓусебно се натпреваруваа тимови од по четворица студенти.
Во Case Study се дава определен теоретски проблем од инжењерски карактер за кој натпреварувачите треба да најдат решение кое исполнува определени криетриуми.
Во категоријата Team Design на натпреварувачите им се дадени одредени материјали од кои треба да се конструира модел кој исто така треба да задоволува претходно определени барања.
Учество може да заземат сите студенти од техничките факултети кои се расположени за дружба, тимска работа и секако, решавање на интересни инжењерски проблеми.

Марио: Според она што имав можност да го видам EBEC е настан на кој луѓе кои се пријатели пред настанот имаат шанса да работат и искусат нешто ново и интересно, а оние кои за првпат се среќаваат , преку работа и нешто ново и интересно има шанса да станат пријатели. Можат да учествуваат сите оние кои што имаат желба за работа,
и супермоќта на станување рано наутро.

2. Како се снајде со твојата функција? Што ти претставуваше најголем предизвик?

Теодора:Како IT координатор мислам дека целата функција сама по себе ми беше голем предизвик затоа што немав претходно искуство во IT областа. Но благодарение на помошта од БЕСТовците и упорноста сметам дека успешно си ја завршив својата работа.

Марио: Беше супер. Имав помош од сите околу мене , некогаш дури и премногу. Константното реконтактирање и подигањето на спонзорствата мене лично ми претставуваа најголем предизвик но успеав да се справам со се.

3. Кои беа твоите очекувања и дали ти се исполнија? Што сметаш дека научи од овој настан?

Теодора: Можам да кажам дека не само што ми се исполнија очекувањата, туку беа и надминати. Мислам дека тоа најмногу се должи на ангажираноста и посветеноста на сите кои беа вклучени во организацијата на настанот. Од овие неколку месеци поминати во организација, освен што можам да се пофалам дека имам познавања од областа на веб дизајнот, сфатив колку е од големо значење тимската работа за да може да се организира еден успешен настан.

Марио: Па очекував дека ќе си ја завршам солидно својата функција , мислам дека можам слободно да кажам дека ова очекување ми се исполни. Исто очекував да победи тимот кој ми беше фаворит , ама за да не се открие кој е тој тим нема да кажам дали очекувањето ми беше исполнето. Научив дека не мора да имаш големо предзнаење за да завршиш одредена одговорност , само треба да сакаш да ја завршиш а со ваков тим од прекрасни луѓе…кој не би сакал?

Leave Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 4 =