3 корисни практики при изработка на CV

Возбудата за наоѓање на првото работно место или пракса е многу често проследена со желбата да се започне кариера, но и со стравот за тоа дали ги поседувате вистинските вештини. Овој краток водич содржи три лесни чекори кои ќе ве одведат до совршеното резиме – она кое ги потенцира сите ваши добри страни и доблести како иден (или сегашен) кандидат за која било работна позиција! Без разлика дали со вашето CV аплицирате за првата пракса или го оставате на vjobfair.org.mk, градењето на истото е вештина која треба да ја поседувате.

Професионален опис 

Професионалниот опис е првиот контакт кој работодавецот го има со вас како личност. Треба да делува професионално и средено, да содржи неколку ваши клучни карактеристики и да опфати разновидни елементи од вашиот карактер. Сепак, дадете си слободата и внесете и некои креативни елементи кои ќе ве истакнат во долгата листа на пријавени кандидати! 

Работодавците ја прават првата класификација на потенцијални вработени по само 30 секунди разгледување на резимето! Затоа, од огромна важност е да бидете концизни за да оставите добар прв впечаток.

Релевантност и концизност 

Еден од клучните делови од вашето резиме е краткиот опис на вашите претходни искуства. Тоа им помага на работодавците да добијат претстава за вашето постоечко искуство и стекнати вештини. Во овој опис накратко треба да наведете што сте постигнале или кои искуства сте ги стекнале, а воедно и со кого сте комуницирале и каков ви бил најголемиот предизвик.

Содржината на резимето треба да биде поврзана со работната позиција за која аплицирате. Под ова се подразбираат сите работни позиции или ангажмани кои се поврзани со областа за која се пријавувате. Тука може да ги наведете сите релевантни обуки кои соодветствуваат со потребната палета на вештини за извршување на работата, а воедно и сите тврди и меки вештини кои ги поседувате.  

Не заборавајте дека и искуството од факултет е релевантно, па така сите ваши проекти, семинари, вежби и симулации се дел од вашето севкупно искуство. Ова е од особена важност доколку решенијата се изработени за реални компании и за конкретно зададени проблеми. Во ред е да се наведат и искуства кои не се директно поврзани со работното место доколку сте научиле конкретни релевантни вештини од нив.

Привлечен стил и дизајн

Некои работни позиции дозволуваат поголема визуелна кретивност на вашето CV. Потребно е да размислите како можете да го направите истото попривлечно. Бизнис секторот најчесто бара чисти и конзервативни дизајни, додека при аплицирање за позиција во старт-ап постои поголем простор за експериментирање. Сепак, важно е да истражите однапред каква е културата во компанијата и дали креативност е тоа што го бараат.

Палетата на бои треба да биде конзистентна, фонтовите да се разбирливи и потребно е да се стави акцент на информациите кои сакате да ги истакнете. Важно е и одделувањето на одредени делови за да го привлечат вниманието на личноста која го разгледува резимето. Со цел вашето CV да биде почитко, се препорачува да се користат едноставни и минималистички дизајни.

Бонус совет

При креирање на вашето CV, препорачуваме да ги користите следниве платформи за истото да биде највпечатливо:

Најдете ја вашата прва пракса!

Доколку сте студенти на некој од техничките факултети при УКИМ, имате одлчна можност да ја најдете вашата прва пракса или работа преку платформата Job Fair. Аплицирајте на најновите огласи од нашите партнер компании, или пак прикачете го вашето CV и чекајте компаниите да ве пронајдат вас!