Започна и четиринаесеттиот Летен Академски Курс!

БЕСТ Скопје, во соработка со факултетот за Електротехника и информациски технологии– Скопје, по 15­ти пат организира Меѓународен Летен Академски курс. Оваа година во фокусот на предавањата се “3G, 4G и 5G Технологии“. Доаѓаат 25 учесници од цела Европа, кои ќе слушаат предавања од искусни професори од Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) – Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата, меѓу кои ce компаниите Македонски Телеком и Неотел. Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 3­ти до 13­ти јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.

Саемот за кариера и вработување Job Fair 2016.. Започнува!

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест ви го најавува по дванаесетти пат Саем за вработување и кариера – Job Fair 2016. Настанот ќе трае од 04.05-10.05.2016. Поточно деновите на штандови ќе се одржат на ГФ/АФ на 05 – 06.05, и на кампусот технички факултети (МФС/ФЕИТ/ФИНКИ/ТМФ) на 09.-10.05.

EBEC 2016

Марио Виранов и Теодора Христовска – Што значи да се биде дел од еден тим (EBEC 2016)

1. Каков настан е ЕВЕС? Кој се може да учествува и што поточно се случува?

Теодора: EBEC или European BEST Engineering Competition e најголемиот инжењерски натпревар во цела Европа што се одржува на локално, регионално и европско ниво. Настанот трае 3 дена, при што првиот ден има официјално отворање и форумска расправа. Останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две различни категории – Case Study и Team Design, при што меѓусебно се натпреваруваа тимови од по четворица студенти.
Во Case Study се дава определен теоретски проблем од инжењерски карактер за кој натпреварувачите треба да најдат решение кое исполнува определени криетриуми.
Во категоријата Team Design на натпреварувачите им се дадени одредени материјали од кои треба да се конструира модел кој исто така треба да задоволува претходно определени барања.
Учество може да заземат сите студенти од техничките факултети кои се расположени за дружба, тимска работа и секако, решавање на интересни инжењерски проблеми.

Марио: Според она што имав можност да го видам EBEC е настан на кој луѓе кои се пријатели пред настанот имаат шанса да работат и искусат нешто ново и интересно, а оние кои за првпат се среќаваат , преку работа и нешто ново и интересно има шанса да станат пријатели. Можат да учествуваат сите оние кои што имаат желба за работа,
и супермоќта на станување рано наутро.

[Нов Борд] Петнаесеттиот борд на БЕСТ Скопје е верификуван

После уште една успешна година, влегуваме во нова, и време е XIV-от борд да ги отстапи нивните функции на нивните наследници, избрани од полноправните членови на нашата Лoкална БЕСТ Група.

code fest

Покана за учество на Codefest Marathon 2016

Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид.

ebec2016

Подгответе се за EBEC 2016!

Оваа година под слоганот – Awake The Engineer Within, бидете и вие дел од овој познат инженерски натпревар на кој ве очекуваат три возбудливи и незаборавни денови. Првиот ден ќе биде проследен со форусмка расправа, а останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две категории: Case study и Team design.

Мартина Папалиска и Евгенија Цветановска – Мотивациски викенд

1. Каде беше одржан мотивацискиот викенд и каква беше атмосферата таму?

– Мотивацискиот викенд беше одржан од 11-13 декември во планинарскиот дом Вртешка, на наша огромна среќа викенд со преубаво, сончево време. Ова беше нашиот прв мотивациски викенд откако сме членови во БЕСТ и само со еден збор да кажеме дека сме презадоволни не може доволно да го долови чувството, со оглед на тоа што сепак сè уште си ги собираме импресиите од тие 3 дена. Запознавање на нови пријатели, зближување со оние кои веќе ги познаваш, забава каква што со сигурност не може да се најде на друго место, интересни муабети додека се буткаме за топло место пред каминот и еден куп преубави спомени е она што секој од нас го доби како плус искуство од овој викенд.

bericher16 1 2015

Симона Милошевиќ и Андреј Ќосевски – дел од тимот на beRICHER

1. Каков настан е beRICHER?

– Работилницата be [R]aise [I]ncomes by [C]ooperating [H]onestly with [E]xternal [R]esourses е интерен настан кој се одржува еднаш годишно, па така оваа година од 21ви до 29ти ноември се оддржа токму во Скопје. 20 студенти, членови на БЕСТ од цела Европа имаа шанса да присуствуваат на сесии одржани од интернационални тренери на БЕСТ и да научат многу нешта од областа на fundraising, корисни не само за нив туку и за организацијата на интернационално ниво. Овие тренинг сесии се направени се со цел студентите да ги подобрат своите комуникациски вештини, да научат како да се однесуваат за време на состаноци, да дознаат за најкорисните трикови при телефонирањето и предизвиците од соочување со претставници на компании, како и што се крие во невербалната комуникација.