Мои впечатоци од Aegean Регионалниот Состанок

Моите впечатоци од Aegean Регионалниот состанок

ОРГАНИЗИРАНО ОД ЛБГ СКОПЈЕ

Помина многу кратко време откако станав член на БЕСТ и веќе почнав да ја чувствувам магијата. Само што заврши еден неверојатен настан организиран од ЛБГ Скопје, Aegean Регионалниот состанок . Имаше делегати од сите ЛБГиња од Aegean регионот, Истанбул, Истанбул-Јилдиз, Анкара, Измир, Атина, Хања, Солун, Подгорица и Ниш, а имаше дури и некои специјални гости од Германија и Полска. Бидејќи бев презафатен со моите часови на универзитетот, не успеав да ја видам вистинската регионална средба, академскиот дел и обуките што ги одржуваа обучувачите од Турција, Грција…

Што е БЕСТ?

БЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија е постојано растечка непрофитна и не-политичка организација. Од 1989 година нудиме комуникација, соработка и размена на можности за студентите ширум Европа.

96 Локални БЕСТ групи во 33 земји создаваат растечка, добро организирана, моќна, млада и иновативна студентска мрежа. Повеќе од 4800 членови се вклучени во секојдневниот развој на нашите сервиси и скоро еден милион студенти се достигнати преку нашите настани и иницијативи.