EBEC Balkan 2014

БЕСТ Скопје заедно со тимот кој се содржи од Филип Божиновски, Никола Алнгелковиќ, Сашо Јадровски и Кристина Блажевска ја пишуваат историјата на Инженерскиот Натпревар. Втора година по ред тимот од Скопје го освојува првото место во категоријата Case Study на Регионалниот Европски БЕСТ Инженерски Натпревар – EBEC Balkan, кој се одржа во Ниш, Србија. Тимот Fast Forward ја има честа да се докажи себеси пред финалниот натпревар – EBEC Final, кој ќе се одржи во Рига, Латвија ова лето. ‘, ‘

Настанот ќе се одржи во периодот од 1ви то 9ти август, и нашите најдобри ќе се обидат по трет пат да бидат прогласени за победници.
БЕСТ Скопје им ја честита победата и им посакува среќа и успех на EBEC Final.