Сара Коцевска - фотограф на EBEC Final 2015

1. Кажи ни нешто на кратко за EBEC, каков настан претставува и кој се може да учествува.
-EBEC е инженерски натпревар наменет за студентите кои имаат можност да ги покажат своите вештини, својата креативност и досетливост. Овој натпревар е одлична забава, кретивност и шанса да се истакне натпреварувачкиот дух. Победниците на локалното ниво одат понатаму на регионално ниво, од кадешто имаат шанса да одат на крајното европско ниво. Како натпреварувачи може да учествуваат само членови кои не се во Локалната BEST група, додека како организатори пак само членовите.

ebec final 1 2015

2. Подобјасни ни што вклучуваше твојата функција, и на кратко опиши ни еден ден.

-Оваа година EBEC Final се одржуваше во Порто, Португалија од 31ви јули до 14ти август. Имаше 120 партиципанти и околу 60тина организатори (на локално и интернационално ниво) Јас аплицирав и бев избрана за фотограф, па мојата задача беше да доловам уникатни моменти за да можат и оние кои не присуствувале да видат што се случува.
Како ни изгледаше еден ден? Најпрво, наутро станувавме околу 8 часот, а веќе во 9 почнувавме со извршување на своите задачи. Додека партиципантите ги спремаа своите говори и дискутираа за идеи, никој од организаторите не смееше да им пристапи во тој период , освен ние фотографите :P Имавме обезбедено доручек,ручек и вечера а се работеше се до 19 часот,вклучувајќи ги и паузите. Секоја вечер, ние организаторите имавме состанок каде дискутиравме за она што се поминало и што ни следува наредниот ден. По завршувањето, секако и се забавувавме.

ebec final 2 2015

3. Колку предзнаење ти беше потребно за оваа функција и колку научи по завршувањето на настанот?

-Предзнаење во полето на фотографија имав и од претходно меѓутоа таквата средина каде буквално во секоја секунда се случуваше нешто интересно ми дозволи да ги подобрам своите вештини уште повеќе. На некој начин, како доказ можеби е и есенскиот натпревар по фотографија, во категоријата ''''BEST Engineering Competitions'''' на кој го освоив првото место со фотка токму од таму.

ebec final 3 2015

4. Каква ти беше соработката со тимот, но и со партиципантите?
-Работев во тим со уште 8 прекрасни луѓе кои за тие 15 дена ми станаа како фамилија. Имавме еден координатор, а конкретно во полето на фотографија бевме двајца. Заедно си помагавме неверојатно многу и навистина зачудувачки е колку научив за координацијата и работата во тим. Со партиципантите се дружевме многу и успеав да се запознаам со поголемиот дел од нив и тоа го гледам како еден огромен плус при присуство на ваков интернационален настан бидејќи создадов познанства и пријателства од секаде. Со некои и сеуште комуницирам секојдневно.

ebec final 4 2015

5. Каков однос имавте вие - организаторите и учесниците со компаниите?

-Јас, како и целиот Медиа тим бевме во постојан контакт со компаниите кои беа поддржувачи на настанот пред се поради промоцијата која како студентска организација им ја нудиме. Голем дел од учесниците добија и можност да имаат приватно интервју со компаниите како DELL, REPLY, DEUTSCHE BAHN, SAKTHI, COLQUIMICO. Затоа сите оние кои не сте членови на BEST ве охрабрувам да се пријавите најпрво на нашиот локален EBEC па да стигнете и вие до тука ;)

За крај, стиснете ТУКА каде ќе може да ги видите фотографиите на официјалната facebook страна на EBEC.
А ТУКА за да го погледнете видеото кое го изработивме како сумација од целиот настан.