БЕСТ Скопје

 

БЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија, е интернационална непрофитна и неполитичка студентска организација, организирана и водена целосно од студенти.

 

БЕСТ ги поврзува студентите од 96 технички универзитети во 33 земји во мрежа која е одржувана преку голем број на заеднички проекти, интереси и пријателства. Секоја година организира преку 120 интернационални курсеви, семинари и конференции во кои студенти од различни земји учат и разменуваат искуства и идеи.

 

Наш приоритет е да понудиме високо квалитетни сервиси за студентите низ цела Европа. Така ние ги зближуваме партнерите во триаголникот „студент - компанија - универзитет“.

Како резултат од потребата за поголема размена на студенти, запознавање и соработка на домашните студенти со колеги од други универзитети и воспоставување понатамошно образование во нивните студии беше создаден Бордот на Европски Студенти по Технологија - Скопје.

 

БЕСТ - Скопје е полноправен член на големото Европско БЕСТ семејство. Така, студентите од Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје имаат право да ги користат услугите на БЕСТ, вклучувајќи го и учеството на бесплатните академски курсеви организирани од други локални БЕСТ групи. Ова е една од привилегиите, но од друга страна има и обврски. Една од тие е обврзаноста секоја година да организира барем еден БЕСТ настан на кој ќе учествуваат околу 30 студенти од цела Европа, за кои БЕСТ - Скопје ќе ги покрие сите трошоци поврзани со нивниот престој во Македонија.

 

БЕСТ - Скопје оваа одговорност успешно ја завршува дванаесет години, и пред неколку години успешно го организираше најголемиот интернационален семинар за тренинг и мотивација BEST - BalkanJAM, кој имаше околу 400 учесници, и десеттиот Саем за Вработување и Кариера - JobFair и уште многу други настани.

 

Напорната работа на нашите членови, кои пожртвуваа многу од нивното слободно време, резултираше со успешна организација на овие настани.