Подгответе се за EBEC 2016!

ebec2016

Оваа година под слоганот – Awake The Engineer Within, бидете и вие дел од овој познат инженерски натпревар на кој ве очекуваат три возбудливи и незаборавни денови. Првиот ден ќе биде проследен со форусмка расправа, а останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две категории: Case study и Team design.

Ве охрабруваме да се пријавите и да учествувате на натпреварот на кој ќе ги покажете вашите инженерски вештини, ќе го почувствувате тимскиот дух и ќе добиете едно ново искуство од студентскиот живот. Победниците од двете натпреварувачки категории ќе продолжат на регионално ниво во Подгорица, Црна Гора. Затоа разбудете го инженерот во себе и влезете во трката за победници за овогодинешното издание!

Аплицирај тука.