Успешно заврши EBEC 2016!

 

Заврши и седмото издание на ЕВЕС Инженерскиот натпревар. По долгите подготовки и големата посветеност  од страна на организаторите, EBEC 2016 имаше успешен крај. По официјалното отворање, форумска расправа како и двата натпреварувачки денови со задоволство ви ги претставуваме победничките тимови од двете категории:  Во категоријата Case Study победи тимот IEEE - Fantastic four. Им честитаме на Ивона Ристова, Гоце Симоновски, Мими Прочкова и Антонио Филипоски. Во категоријата Team Design од вториот натпреварувачки ден на EBEC, победи тимот R2D2 составен од натпреварувачите Стефан Алексовски, Марјана Петковска, Столе Јовановски и Надежда Аврамовска.

На двата тима им посакуваме многу среќа и успех на регионалниот EBEC натпревар кој ќе се одржи во Подгорица.