Овогодинешниот JobFair - најуспешен досега!

Од првото издание кое се одржа во 2005 година, JobFair 2015 стана најуспешниот саем за вработување и кариера досега, организиран од БЕСТ Скопје!

jf15

 

Со вкупно 26 компании, во две изданија: Vol.1: Build your Future на Градежениот Факултет и Архитектонскиот Факултет во март и Vol.2: Get Technical на Машинскиот Факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии, Технолошко-Металуршкиот Факултет и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во Скопје во мај, JobFair уште еднаш се докажа како бренд кој нуди квалитет и професионалност кон студентите, компаниите и универзитетите.

Погледнете ги учесниците во делот Партнери и бидете во тек со можностите што ги нудат во текот на годината.

Исто така погледнете ја галеријата од настанот на Flickr.