Првиот БЕСТ Симпозиум за Образование

  Низ текот на годините БЕСТ Скопје стана студентска организација позната по своите интернационални курсеви кои се одржуваат во трите сезони. Истите и ден денес поврзуваат илјадници студенти низ цела Европа и градат студентска мрежа преку подобрување на академските знаење на студентите, градење на пријателства и разменување на инфорации.

  Нашата локална БЕСТ група досега има организирано шеснаесет Летни Академски Курсеви, но ова лето се одлучивме за едно поразлично искуство. Покрај курсевите на интернационално ниво БЕСТ овозможува и посета на Симпозиуми за образование. Симпозиумите за обазование претставуваат настани на кои студенти, локални и меѓународни професори, експерти од различни  индустриски или истражувачки здруженија, високообразовни институции и претставници на компании разговараат за актуелни теми во образованието и се обидуваат да го подобрат европското образование. Токму ова лето БЕСТ Скопје реши да се впушни во една нова авантура и да го организира првиот БЕСТ Симпозиум за образование ова лето од 14ти до 22ри јули во Скопје. 

 

bse2

 

  Се започна од една идеја и голема желба, која во комбинација со напорната работа и вложениот труд од страна на членството на БЕСТ Скопје во соработка со департманот за образовно инволвирање на студентите, за скоро време ќе стане реалност. Мотивот кој исто така играше главна улога во остварувањето на оваа идеја, е  поголема вклученост на студентите во дискусии поврзани со високото образование, нивна вклученост и активен придонес кој ќе резултира со оптимално решение не само на локално ниво туку на ниво на цела Европа. Па така резултатите кои се добиваат на крајот од дискусиите на сите симпозиуми кои се организираат во склоп на БЕСТ се преточуваат во извештаи, чии анализи и податоци понатаму се презентираат на интернационали конференции како што се SEFI AC, WEEF, ICL и сл.

 

39267526 2065254356831671 3466621207300800512 o

 

  Темата на нашиот Симпозиум за образование е посветена на расниот и етничкиот диверзитет во СТЕМ обраованието. За содржината на Симпозиумот се погрижи интернационален тим на студенти, експерти во областа кој за време на истиот ќе одржат најразнични сесии кои вклучуваат дискусии, детална разработка на темата како и креирање на решенија во склоп на истата. Дел од овие дискусии ќе бидат дваесет интернационални студенти од цела Европа кои покрај тоа што за прв пат ќе посетат ваков настан токму во Скопје, ќе ја имаат шансата подобро да се запознаат со нашата кулура, традиции и начин на живот. За време на нивниот престој тимот кој се состои од дванаесет организатори подготви незаборавни доживувања во нашиот главен град и викенд патување до Охрид. Оваа возбудлива авантура ќе трае само осум дена, но нејзиното влијание очекуваме да остави впечатоци кои тешко ќе можат да се надминат.

 

bse3