Саемот за вработување и кариера Job Fair 2016...Започнува!

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест ви го најавува по дванаесетти пат Саем за вработување и кариера – Job Fair 2016. Настанот ќе трае од 04.05-10.05.2016. Поточно, деновите на штандови ќе се одржат на ГФ/АФ на 05.-06.05, и на кампусот технички факултети (МФС/ФЕИТ/ФИНКИ/ТМФ) на 09.-10.05.

Овој саем е одлична можност компаниите учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите, нивните понуди, како и нивните главни активности. На деновите на штандови, компаниите ќе ја претстават својата дејност, како и целите и потребите насочени кон амбициозен и квалификуван кадар. 

Студентите таргетирани од компаниите, на Job Fair 2016 ќе имаат можност да присуствуваат на разни предавања, презентации, soft skills тренинзи и натпревари одржани од истите.

На Job Fair заинтересираните студенти ќе имаат можност да присуствуваат на разни предавања, презентации, soft skills тренинзи и натпревари одржани од страна на компаниите. Она што го нуди Job Fair, а им е потребно на студентите, е квалитетна пракса или работа. Сè што треба да направат заинтересираните студенти и (пост)дипломци е да го остават своето CV на www.jobfair.org.mk. Истото ќе стане дел од нашата датабаза, до која имаат пристап сите компании учеснички во текот на целата година.