Избран е XVI борд на БЕСТ Скопје!

 

Изминатиов викенд се одржа локалното годишно собрание каде што го избравме бордот кој во наредната година ќе ја води нашата организација. 

Она што прво го поминавме беше ревизијата на членство, па така шесторица од нашите полноправни членови, со сите заслуги станаа почесни членови на БЕСТ Скопје - алумни.

 

Вториот дел од ревизијата на членство беше бирање на нови полноправни членови, па така нашата организација избра два нови полноправни членови.

 

 

 

Следната точка на нашиот дневен ред се однесуваше на изборот на новите координатори за четирите небордовски функции, и по одржувањето на говорите на кандидатите, и гласањето од страна на полноправството, нашите нови координатори кои ќе бидат на функција во наредната година се:

Мартина Папалиска - PR & Social Media Coordinator

Никола Јовановски - Knowledge Management Coordinator

Јана Владимирова - Vivaldi Coordinator

Дамјан Ангеловски - Grants Coordinator

 

 

 

Како претпоследна точка на нашето собрание беше заминување на актуелниот, 15-ти борд на БЕСТ Скопје, шесте прекрасни девојки кои цела година гордо и прекрасно ја водеа нашата организација. Не почастија со една мини презентација на нивната измината бордовска година, како и со прекрасни говори кои не разнежнија сите, но во исто време и не мотивираа да продолжиме и понатаму со исто темпо да работиме и да ја водиме оваа организација.

 

 

Последното нешто за што зборувавме и гласавме беше изборот на новиот координатор за односи со компании, како и верификување на новиот борд, кој беше избран на минатото собрание, во октомври 2016. Па така, чест ни е да ви го претставиме новиот, 16-ти борд на БЕСТ Скопје:

Александра Петрова - претседател

Ивона Стојановска - потпретседател и одговорен за финансии

Сара Кипријанова - секретар

Теодора Христовска - координатор за човечки ресурси

Стефан Серафимоски - координатор за односи со компании

Богдан Мелов - маркетинг координатор

Виктор Силјановски - IT координатор

 

Честитки на сите, и се надеваме на уште една успешна година!