Успешно заврши EBEC 2017!

 

 

European BEST Engineering Competition, EBEC Skopje 2017 оваа година се одвиваше во периодот 15.02-18.02.2017 и беше реализиран во просториите на нашите годишни партнери itLabs, кои учествуваа во категориите Case Study и Team Design, компанијата DoXteam која учествуваше со категоријата Case Study, и поддржан од SEAVUS. Во склоп на инженерскиот натревар се одржа и локален настан за едукација (LEOE-Local Event on Education), на кој се дискутираше темата "Традиционални наспроти современи методи на предавање - Патот до успешна работна кариера“.

 

 

Во наредните два дена се одвиваа натпреварите во категориите Case Study и Team Design, односно: 16.02 - Case Study во компанијата itLabs, 17.02 - Case Study во компанијата DoXteam, и категоријата Team Design во просториите на компанијата itLabs. Победниците од двете категории беа прогласени на 18.02, а тие се:

Во категоријата Case Study победници се тимот Mixed Voltage Club.

Членови на тимот: Стефан Аговски, Мирјана Садиковиќ, Стефани Радевска

 

 

 

Во категоријата Team Design победници се тимот Impromptu.

Членови на тимот: Елена Димитриова, Кире Колароски, Љупчо Милошески, Никола Милошески

 

 

Победничките тимови ќе го продолжат натпреварувањето во Мостар, Босна и Херцеговина каде ќе се одржи Регионалниот EBEC инженерски натпревар. Им посакуваме среќа!