БЕСТ Скопје - состанок за нови членови

/regrutacija-2014

БЕСТ Скопје ве поканува на првиот состанок за нови членови во оваа академска година. Состанокот ќе се одржи на 25.09.2014 (четврток), во 20 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС, Скопје.
 
Тука, ќе бидат претставени мисијата и визијата на организацијата, заедно со престојните настани (Регионалниот Состанок и Локалниот Европски БЕСТ Инженерски Натпревар - EBEC) и секако можностите што БЕСТ ги нуди на студентите. Покрај тоа, ќе направиме кратка презентација на академските курсеви низ Европа организирани од БЕСТ, како и како да аплицирате и побарувањата за да бидете дел од нив.
 
Би сакале да ве потсетиме дека овие курсеви се сосема бесплатни, со исклучок од патните трошоци, и се голема прилика да патувате, да запознаете нови пријатели, да научите нови работи и да го подобрите вашето CV.

Се надеваме дека ќе ја имаме честа да ве видиме во што поголем број.