Состанок за нови членови - 10ти јуни 2015

regrutation-1006

Неодамна заврши летниот семестар, но во тек се подготовките за најинтересниот настан на БЕСТ Скопје - Летниот Академски Курс. Затоа, го организираме овај состанок за нови членови, за и вие да бидете дел од ова незаборавно искуство.

На овој состанок ќе имате шанса подобро да се запознаете со работата на БЕСТ Скопје, како и шанса да се вклучите во нашата работа и спремањето на Летниот Академски Курс каде околу 30 учесници од Европа ќе поминат 10 незаборавни дена во Скопје.

Затоа, на 10ти јуни (среда) во 20:00 часот дојдете во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС и дознајте какво е чувството да се биде дел од ваква авантура.

Ве очекуваме!