10 годишнината од најголемиот настан во БЕСТ одбележана со OHrid JAM 2015

Како 10 годишнина од најголемиот настан во БЕСТ - Jamboree 2005, организиран токму од БЕСТ Скопје, овој пат OHrid JAM 2015 собра 150 странски студенти од најразлични технички универзитети од Европа на културна размена во Охрид.

OHrid JAM 2015

Од 2ри до 5ти октомври, учесниците на OHrid JAM 2015 имаа шанса да ја посетат Македонија и да ги видат убавините на Охрид и Скопје, а покрај тоа и да запознаат многу луѓе, да оформат многу пријателства и да се забавуваат заедно со членовите на БЕСТ Скопје.

Како дел од програмата беше и разглед на Охрид и неговите знаменитости, како и крстарење со брод по Охридското Езеро.

OHrid JAM 2015 City Rally

 

OHrid JAM 2015 Boat Party

OHrid JAM 2015 зад себе остави многу насмевки, спомени, искуства и безусловни пријателства. Ова беше уште еден успешен настан реализиран од членовите на БЕСТ Скопје па нека и сите наредни бидат во најдобро светло како и овој!