Уште еден интерен настан оваа година во Скопје - beRICHER16

Од 21 до 29 ноември, БЕСТ Скопје ќе биде домаќин на настан со 20 учесници од 20 различни БЕСТ групи кои ќе имаат можност да се надоградат како себеси така и нивните локални БЕСТ групи преку тренинзи за меки вештини одржувани од страна на 6 тренери од БЕСТ интернационално.

15429127020 7d7b945159 k

Raise Incomes by Cooperating Honestly with External Resources или скратено beRICHER е работилница наменета за членови од локалните БЕСТ групи заинтересирани за fundraising со цел да ги усовршат нивните комуникациски, преговарачки, презентациски, и останати меки вештини преку различни тренинзи, предавања и студии на случаи.