Состанок за нови членови за зимски семестар 2015/2016

Дали сакаш да запознаеш премногу нови луѓе? Дали сакаш твојот најдобар другар да е од Барселона? Дали сакаш да шеташ 2 недели во Италија за 100 евра? Дали сакаш забавни, едукативни настани со многу многу странци од цела Европа? Дали сакаш да пробуваш еден тон храна и пијалоци од цела Европа, барем 2-3 пати годишно? Дали сакаш мотивациски викенди 3 пати годишно? Дали сакаш да ја развиеш својата креативност, комуникациски и преговарачки способности? Дали ова звучеше како Топ Шоп реклама?

Ако на било кое од овие прашања одговори со ДА, дојди во четврток на информативен состанок за нови членови во просторија 223 на ФЕИТ/МФС.

Се гледаме!

cover regrutacija

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од БЕСТ каде имате можност да стекнете многу пријателства, да научите нешто повеќе, да патувате и да се забавувате!