Започнува аплицирањето за пролетните академски курсеви 2016

springCourses16

Од 1ви па сè до 29ти ноември трае аплицирањето за пролетните БЕСТ академски курсеви низ Европа!

На располагање ви се 17 курсеви во 10 земји во Европа, меѓу кои и: Шпанија, Франција, Русија, Италија и Холандија.

Не пропуштајте ја приликата да бидете дел од едно вакво прекрасно искуство, заедно со уште дваесетина студенти од цела Европа со кои ќе слушате предавање на тема која вие ќе ја изберите од страна на професори кои предаваат на престижните европски универзитети.

На БЕСТ курсевите можат да учествуваат сите студенти кои студираат на УКИМ кои имаат добро познавање од англискиот јазик.

БЕСТ курсевите се бесплатни за сите студенти, меѓутоа превозот до избраната дестинација е на трошок на учесникот.