Стартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис

show 93444Q36BQ2973

Не е сè во идејата што ја имате треба да знаете како да ја искористите на најпрофитабилен начин таа идеја. Се соочувате со милион прашања во врска со започнување на вашиот бизнис. Имате страв како да излезете од вашата комфорна зона и не знаете каде и како да ја употребите таа идеја. Или имате тим и сте на добар пат за креирање на следната успешна стартап приказна, но не знаете каде да започнете.

 

Како да започнете?

Пријави се - на Brainster (https://brainster.co/courses/startaod-ide-a-do-uspeshen-biznis)

Почеток - 09.11.2015 Во просториите на G6

Траење: 10 часа

Цена: 0 ден.

 

За кого е наменет овој курс?

Стартап Викенд Академијата е наменета за сите стартап ентузијасти и поедници кои сакаат креативност за сите кои имаат идеја и желба за започнување свој бизнис. Исто така за сите кои се дел од стартап тим кој се наоѓа во развојна фаза и кои сакаат да дознаат како функционира Стартап Викенд и што се е потребно за да победите на истиот.

 

Што ти е навистина потребно за да започнеш старт-ап?

Ниту една книга, блог, ниту туторијал не може да те научи. Најбрзиот и најлесен начин да научиш како да изградиш успешен стартап е да црпиш информации и да ги дознаеш триковите од успешните претприемачи кои веќе го направиле тоа. На оваа „Од Идеја До Успешен Бизнис“ – Стартап Викенд Академија ќе имате можност да учите од локални експерти кои поминале и сè уште поминуваат низ препреки за кои не сме свесни дека постојат. На максимален начин можете да го искористите нивното искуство за да откриете некои кратки патчиња кои водат до целта и исто така како би можеле да победите не идниот Стартaп Викенд кој е совршен начин за да го направите првиот чекор до успехот.

Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте и пријавете се!