Nordeus Hackathon 2015

Нордеус и оваа година повторно го организира Нордеус Хакатонот кој оваа година ќе се одржува на 12ти и 13ти декември во Белград. Пријавувањето започна од 5ти ноември и трае сè до 23ти ноември. Ова е веќе 5то издание на добро познатиот хакатон кој е наменет за тимови кои се состојат од програмери и графички дизајнери/3D артисти. 

Hakaton 40

„Нордеус Хакатонот претставува еден од темелите на кој беше изграден нашиот успех. Тимската работа, вештините и пасијата се едни од вредностите потребни да се направат најдобрите игри во индустријата.“ - се дел од зборовите на извршниот директор на Нордеус, Бранко Милутиновиќ.

Во прилог е прикачен и оригиналниот повик.