Покана за учество на Codefest Marathon 2016

Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид.

code fest

За да аплицирате на овогодинешниот Codefest Marathon потребно е да се регистрирате на следниот линк:

http://codefest.eu/marathon#Register

Правилата за регистирање се:
- Треба да сте ученик, студент или на магистерски студии (да поседувате валиден доказ за тоа)
- Треба да составите тим од 2 до максимум 5 члена
- Аплицирате со креативна и иновативна идеја со добар бизнис потенцијал
- Да не сте започнати со реализација на идејата, инаку ќе бидете дискфаликувани (предизвикот е да се развие демо или прототип верзја на идејата, од почеток, во рамки на маратонот од 32 часа)

Рокот за аплицирање е до Март 15, 2016 година, а учеството на Маратонот е бесплатно за сите избрани тимови.

Оваа година маратонот добива и силен интернационален карактер, со тоа што стана официјален член на светски познатата лига на хакатони, Major League Hacking. Со ова тимовите-учесници ќе добијат поголема интернационална видливост, а ќе има и светски признанија за најдобрите тимови.

codefest 1

Воедно сите учесници кои ќе бидат избрани да учествуваат на Codefest Marathon ќе добијат бесплатен влез на конференцијата Codeference која ќе се одржи на 15 Април, како и слободен пристап до бизнис саемот CF X – Business Expo кој ќе се одвива од 15-17 Април.
Повеќе информации за Codeference и CF X – Business Expo можете да најдете на следните линкови:

http://codefest.eu/codeference
http://codefest.eu/cfexpo