[Нов Борд] Петнаесеттиот борд на БЕСТ Скопје е верификуван

После уште една успешна година, влегуваме во нова, и време е XIV-от борд да ги отстапи нивните функции на нивните наследници, избрани од полноправните членови на нашата Лoкална БЕСТ Група.

LBG Skopje

На Локалното Верификационо Собрание The Q-ute Kittens (XIV-от борд) ја презентираше нивната работа и настаните кои се случија во текот на нивниот мандат како борд, и покажаа дека беа и сеуште се добар тим. Но покрај настаните, тие презентираа колку многу млади членови се приклучија на БЕСТ, колку многу полноправни членови придонесоа и помогнаа при организирањето на тие настани, и како поддршката од Алумни членовите значеше во текот на претходната година.

Како што ги оставаат местата на помладите генерации, им се заблагодаруваме на The Q-ute Kittens за сè што сторија додека ги имаа следите функции:

 

Претседател  -  Борче Џиковски
Финансии/Потпретседател - Катерина Михаилова
Секретар - Ирена Костовска
Координатор за Односи со Компании - Кристина Новковска
Координатор за Човечки Ресурси - Гоце Андонов
Координатор за Маркетинг и Односи со Јавност - Надица Панковска
IT Координатор -

Михаил Талевски

iv bord

 

После пет часови избирање на нови Алумни, нови полноправни членови, не-бордовски функции и слушајќи ги прекрасните говори од кандидатите, на 13.02.2015 ние го верификувавме новиот борд на БЕСТ Скопје, XV-от борд кој се содржи од:

 

Претседател  -  Емилија Трпчевска
Финансии/Потпретседател - Наташа Митева
Секретар - Катерина Илијоска
Координатор за Односи со Компании - Тамара Куретоска
Координатор за Човечки Ресурси - Бинаса Дрндар
Координатор за Маркетинг и Односи со Јавност - Сара Коцевска

1 3

 

На ова собрание исто така се избраа следните не-бордовски функции:

 

Vivaldi - Јана Мартулкова
PR & Social Media - Сандра Ивановска
Grants - Стефан Серафимовски
Knowledge management - Александра Петровска
VIP delegate - Никола Јовановски

Nebordovski