БЕСТ Скопје организира културна размена со студенти од цела Европа

 

БЕСТ Скопје), организира културна размена, наречена „OHrid JAM“, од 30 септември до 3 октомври во Охрид, каде европските студенти ќе се запознаат со македонската култура и традиција.

 

На тридневниот настан, учесници ќе бидат околу 150 студенти од техничките факултети, од над 30 земји од Европа. Студентите ќе престојуваат во хотелот „Бетон“, со кого, како и за минатогодишната културна размена, така и оваа година организацијата оствари одлична соработка.

 

Тие ќе имаат можност да ги осознаат македонските културни богатства и традиции, преку најразлични активности, како шетање и истражување на градот Охрид, интернационална вечер, крстарење по Охридското езеро, но пред се, со дружба и разменување на искуства со македонските студенти, членови на организацијата БЕСТ.