Job Fair е е саем за вработување и кариера што годинава се одржува во комплексот технички факултети во Карпош 2, од 22ри до 24ти Април.
Ова е деветтиот саем на Job Fair и тоа е најголемиот проект организиран од БЕСТ Скопје. Job Fair има за цел да ги поврзе студентите со компаниите и да им овозможи директен контакт со водечките фигури на компаниите учеснички, како и полесен пристап до работни места или пракси.
Настанот ќе биде официјално отворен на 22ри Април, Понеделник, а во текот на следните денови на саемот голем број компании ќе се претстават на своите штандови, така што студентите ќе имаат можност да разговараат директно со претставници на компаниите и
да дознаат што тие нудат и каков вид на персонал им е потребен. Сите заинтересирани студенти исто така ќе имаат можност да присуствуваат на многу сесии и обуки организирани од компаниите учеснички на саемот.
Студентите можат да ги достават своите CV-ови онлајн, што ќе биде дел од базата на податоци достапна за најуспешните македонски компании.