5 Бенефити кои можете да ги стекнете како студент преку Job Fair

Дали се чувствувате спремни да го направите следниот чекор во својата кариера? Можеби сакате да ја најдете компанијата и позицијата каде што ќе можете најдобро да ги искористите своите вештини, но не знаете од каде да почнете?

Барањето пракса или работа како студент без разлика колку знаење имате може да биде многу застрашувачко.

Токму поради ова, БЕСТ – Скопје го организира саемот за вработување и кариера – Job Fair. Намената на овој настан е да ги поврзе студентите и компаниите и да им помогне во потрагата на нивното следно работно место.

Што можете вие, како студент, да добиете од настанот?\

До вашето CV ќе имаат пристап 40 компании

  • На нашата страна, https://vjobfair.org.mk можете да го прикачите вашето CV, до кое ќе имаат пристап сите наши партнер компании и ќе можат тие да ве контактираат!

Ќе можете да ги следите сите отворени огласи на нашата веб страна

  • На нашата страна, можете да ги посетите виртуелните штандови на компаниите. Таму ќе можете да прочитате повеќе информации за секоја партнер компанија, како и да ги видите сите активни огласи за пракса и работа кои ги нуди.

Ќе имате шанса да разговарате со претставници од технички компании

  • Ќе имате можност да се доближите до компаниите и да ги запознаете подобро. Ќе можете да слушате успешни приказни од некои од вработените, да поставувате прашања на претставници на компанијата  или друга интерактивна активност спремена од страна на компанијата.

Ќе можете да дознаете повеќе за нашите партнер компании

  • Вебинарите се наменети да дознаете повеќе за компанијата од технички аспект. Можете да дознаете повеќе за тоа што работи компанијата, кои се нивните работни области и кои технологии ги користат.

Ќе можете да научите нови технологии 

  • Ако сакате да стекнете знаење за некоја нова технологија, можете да го направите тоа на работилниците. Тука, ќе имате можност да научите повеќе за одредена технологија која ја користи компанијата.

JobFair веќе им има помогнато на шеснаесет генерации на студенти да го направат следниот чекор во нивната кариера, биди ти дел од следната!

Не пропуштајте ја оваа одлична прилика да се надоградите самите себеси. Следете нѐ на нашите facebook и instagram страни за да видите кога точно има настани на кои можете да се приклучите.