БЕСТ роденденска забава

БЕСТ полни 8 години. Нашата роденденска забава ќе се одржи на 9 март (вторник) од 21 часот во Мамас (се наоѓа спроти Матица на булеварот Климент Охридски, кај студентскиот дом Кузман) До 24 часот ќе има 20% попуст на одредени пијачки (скопско, вотка, коњак, џин и сите газирани сокови) а после 24 часот ќе пее Бени.
Секако дека ќе има и торта :)
Настанот на Facebook

Валидирање на сметка

Петок (11 декември) во 18 часот во нашата канцеларија во барака 5 ќе можете да ја валидирате вашата сметка.

Што е валидација?

Валидација (служи за да потврдиме дека сте редовен студент на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“) може да извршите на нашите редовни состаноци.

Документи потребни за валидација

* копија од прва страна во индекс
* копија од последниот запишан семестар во индекс
* копија од оценката англиски во индекс (или копија од било кој друг документ кој потврдува дека знаете англиски јазик: диплома од курс, свидетелство од средно и сл.)

Промоција на пролетна сезона на БЕСТ курсеви!

БЕСТ Скопје започна со промовирање на пролетната сезона курсеви,
на кои ќе можете да добиете повеќе информации за сè околу курсевите.
Промоциите ќе се одржуваат на овие факултети по следниот распоред:

  • 02 декември: (среда) Архитектонски и Градежен
  • 03 декември: (четврток) Фармација, Медицина, Стоматологија
  • 04 декември: (петок) Архитектонски и Градежен
  • 07 декември: (понеделник)  Филолошки, Филозофски, Правен
  • 09 декември: (среда) Фармација
  • 09 декември: (среда) Земјоделски, Ветерина, ПМФ, Шумарски
  • 10 декември: (четврток) Економски

Аплицирајте на пролетните БЕСТ курсеви!

Пријавувањето за пролетните курсеви на БЕСТ е во тек!
Аплицирајте на следната страна:

http://best.eu.org/student/courses/coursesList.jsp

Краен рок за аплицирање: недела, 13ти декември.
Повеќе информации околу аплицирањето овде.

Зимски БЕСТ курсеви

Здраво.

Почна пријавувањето за зимските БЕСТ курсеви! Списокот можеш да го пронајдеш на:
http://www.best.eu.org/student/courses/coursesList.jsp

За потсетување, можеш да се пријавиш на три курса во една сезона. Таму ти се организирани академскиот и социјалниот дел, како и сместување и храна, а на тебе е оставено само да стигнеш до таму.

Студентите од Македонија не плаќаат партиципација (fee), освен за leisure events.

За повеќе информации пиши ни на:
skopje@BEST.org.mk

Среќен почеток академци!!! =)

Инспирирана пред се од луѓето, а потоа од сите придобивки што како луѓе ги добиваме од БЕСТ, одвојувам неколку минути од животот да искуцам неколку реда реченици и да Ви посакам успешен старт и тек на новата академска година, на сите оние што сеуште го држат индексот во рака. Останатите - потсетете се за момент колку биле убави тие студентски денови =)

Имам да кажам милион работи што ги чувствувам за БЕСТ и што за секогаш ќе бидат сместени во стаклените витрини на мојот живот, без никој да смее да ги оштети =)

Syndicate content