Првиот БЕСТ Симпозиум за Образование

Низ текот на годините БЕСТ Скопје стана студентска организација позната по своите интернационални курсеви кои се одржуваат во трите сезони. Истите и ден денес поврзуваат илјадници студенти низ цела Европа и градат студентска мрежа преку подобрување на академските знаење на студентите, градење на пријателства и разменување на информации.

Заврши уште едно успешно издание на Job Fair

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје оваа година го организираше тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2017, кој се одвиваше во периодот 03.04-12.04.2017 година. Официјалното отворање на настанот се одржа на 03.04.2016 во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет. Останатите денови од саемот се одвиваа на кампусот на техничките факултети во периодот 04.04-07.04, односно, IT комапнии во периодот 04-05 април, технички компании во периодот 06-07 април. На Архитектонски и Градежен факултет саемот се одвиваше во периодот 10.04-11.04 април.

Успешно заврши EBEC 2017!

European BEST Engineering Competition, EBEC Skopje 2017 оваа година се одвиваше во периодот 15.02-18.02.2017 и беше реализиран во просториите на нашите годишни партнери itLabs, кои учествуваа во категориите Case Study и Team Design, компанијата DoXteam која учествуваше со категоријата Case Study, и поддржан од SEAVUS. Во склоп на инженерскиот натревар се одржа и локален настан за едукација (LEOE-Local Event on Education), на кој се дискутираше темата “Традиционални наспроти современи методи на предавање – Патот до успешна работна кариера“.

Започна и четиринаесеттиот Летен Академски Курс!

БЕСТ Скопје, во соработка со факултетот за Електротехника и информациски технологии– Скопје, по 15­ти пат организира Меѓународен Летен Академски курс. Оваа година во фокусот на предавањата се “3G, 4G и 5G Технологии“. Доаѓаат 25 учесници од цела Европа, кои ќе слушаат предавања од искусни професори од Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) – Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата, меѓу кои ce компаниите Македонски Телеком и Неотел. Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 3­ти до 13­ти јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.

EBEC 2016

Марио Виранов и Теодора Христовска – Што значи да се биде дел од еден тим (EBEC 2016)

1. Каков настан е ЕВЕС? Кој се може да учествува и што поточно се случува?

Теодора: EBEC или European BEST Engineering Competition e најголемиот инжењерски натпревар во цела Европа што се одржува на локално, регионално и европско ниво. Настанот трае 3 дена, при што првиот ден има официјално отворање и форумска расправа. Останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две различни категории – Case Study и Team Design, при што меѓусебно се натпреваруваа тимови од по четворица студенти.
Во Case Study се дава определен теоретски проблем од инжењерски карактер за кој натпреварувачите треба да најдат решение кое исполнува определени криетриуми.
Во категоријата Team Design на натпреварувачите им се дадени одредени материјали од кои треба да се конструира модел кој исто така треба да задоволува претходно определени барања.
Учество може да заземат сите студенти од техничките факултети кои се расположени за дружба, тимска работа и секако, решавање на интересни инжењерски проблеми.

Марио: Според она што имав можност да го видам EBEC е настан на кој луѓе кои се пријатели пред настанот имаат шанса да работат и искусат нешто ново и интересно, а оние кои за првпат се среќаваат , преку работа и нешто ново и интересно има шанса да станат пријатели. Можат да учествуваат сите оние кои што имаат желба за работа,
и супермоќта на станување рано наутро.

[Нов Борд] Петнаесеттиот борд на БЕСТ Скопје е верификуван

После уште една успешна година, влегуваме во нова, и време е XIV-от борд да ги отстапи нивните функции на нивните наследници, избрани од полноправните членови на нашата Лoкална БЕСТ Група.

code fest

Покана за учество на Codefest Marathon 2016

Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид.

ebec2016

Подгответе се за EBEC 2016!

Оваа година под слоганот – Awake The Engineer Within, бидете и вие дел од овој познат инженерски натпревар на кој ве очекуваат три возбудливи и незаборавни денови. Првиот ден ќе биде проследен со форусмка расправа, а останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две категории: Case study и Team design.