Кои се најактуелните теми од областа на инженерството?

Во ера со неверојатно брз пораст во полето на технологијата, сѐ почесто слушаме за различни теми од областа на механиката, електрониката, информациските технологии и инженерството во глобала. Кои се некои од најактуелните теми во областа на инженерството во почетокот на оваа година?  

Следуваат некои од највпечатливите теми кои дефинитивно ќе го привлечат вниманието на сите заинтересирани и амбициозни личности, кои секогаш се во тек со најновите трендови од областа на инженерството.

Zero Emission

Еден проблем кој нѐ демне сите нас е глобалното затоплување. Со индустријализацијата и порастот на населението, емисијата на стакленичките гасови предизвикана од согорување на фосилни горива и сечење на шумите постојано се зголемува. 

За да се спречат климатските промени, емисиите на јаглерод треба да престанат. Не е доволно да се намалат, треба да се сведат на нула. Односно, да се постигне нето нула емисии на јаглерод.

Што значи нето нула?

Нето нула значи емитувањата на јаглерод да се избалансираат така што ќе се апсорбира еднаква количина од таа што се емитува.

Со други зборови, да не додаваме повеќе јаглерод во атмосферата. Ќе се испушта јаглерод, но и ќе се апсорбира еднаква количина.

Најидеално решение би било воопшто да не се емитува јаглерод диоксид, но реалноста не е таква.

Што може да се направи?

Решенија за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата не треба долго да бараме. Најбитните постоеле илјадници години. Растенијата ни се најефективниот начин за постигање на оваа цел. Ако ги вратиме шумите кои сме ги уништувале сите овие години, би биле еден чекор поблиску кон остварување на нето нула.

Кои чекори се направени за да се постигне нето нула?

Шведска, Франција, Велика Британија, Данска, Нов Зеланд, Унгарија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја имаат поставено закони со кои ќе се осигураат дека ќе постигнат нето нула околу 2050 година.

Но за ова не се одговорни само државите. Секој од нас има должност кон планетата да си ги претвориме нашите навики во поиздржливи за нејзе и да не ја загадуваме.

Возила со автоматско управување

Возилата со автоматско управување – некогаш сон, а сега се приближуваат кон реалноста! Иако, со порастот на развитокот на технологијата, тие не беа направени толку брзо колку што повеќето луѓе би помислиле, бидејќи дури во 2020тата година почна забрзаниот развој на ова поле.

Една од најзначајните тела во оваа индустрија – SAE (Society of Automotive Engineers) идентификуваше вкупно 5 нивоа на автоматизација на возење:

Ниво 0 – без автоматизација

Ниво 1 – со одредена асистенција при возење

Ниво 2 – делумна автоматизација

Ниво 3 – условна автоматизација

Ниво 4 – висока автоматизација

Ниво 5 – целосна автоматизација

Во модерните автомобили денес, најчеста автоматска асистенција се среќава при паркирање или при кочење. Но, други карактеристики и додатоци освен тие не се целосно развиени. 

Форд иницијално претпостави дека ќе се достигне целосна автоматизација од ниво 5 во 2021, но од тогаш размислуваат на оваа претпоставка, и новото очекување е дека ќе постои возило од ниво 4 до крајот на 2021. 

Во 2020, за сега имало неколку модели од ниво 2, а во блиска иднина се очекува да се појави возило од ниво 3 од страна на Honda, Toyota, Volvo, и Hyundai.

Blockchain технологија

Од сферата на IT, една од најпопуларните технологии моментално е Blockchain. Порастот на криптовалутите како Bitcoin и Ether ја стави blockchain технологијата во центарот на вниманието – особено за enterprise системите. 

Оваа технологија е peer-to-peer (P2P) мрежа, и нуди децентрализација, транспарентност и безбедност. Всушност, претставува растечка листа на записи, наречени блокови, кои се поврзани преку криптографија. Секој блок содржи криптографски хеш од претходниот блок, датум и време, и трансакциски податоци (генерално репрезентирани како Меркл дрво).

Некои експерти тврдат дека blockchain технологијата ќе достигне дури 57.641 билиони долари до 2025!

Сите интеракции кои се случуваат на blockchain мрежите не можат да се фалсификуваат и се транспарентни, што значи дека имаат навистина големо ниво на доверба. Извршувањето на секоја интеракција е неповратно, што го олеснува целиот процес.

Оваа технологија исто така е имутабилна, и се користи за обезбедување на Internet of Things (IoT).

Доколку ве заинтересираа овие теми и го барате вашиот нов инженерски предизвик, приклучете се на #EBEC21! За повеќе информации посетете го официјалниот настан на facebook, или официјалната веб страна која наскоро ќе биде во употреба.