Аплицирај за БЕСТ Академски Курс!

Постапката е многу лесна и едноставна! На БЕСТ академски курс може да аплицира секој студент при УКИМ кој има добро познавање на англискиот јазик..

  1. Доколку веќе имате акаунт на www.best.eu.org преминете на втората точка, а доколку немате, креирајте си акаунт на www.best.eu.org.
    • Откако го потврдивте преку линкот кој го добивте на мејл, логирајте се.
    • Пополнете ги вашите лични податоци, и останатите податоци на вашиот профил.
  2. Логирајте се на вашиот акаунт на www.best.eu.org.
  3. Прегледајте ја листата на курсеви и изберете ги курсевите кои највеќе би сакале да ги посетите.
    • За да можете да аплицирате на било кој курс, ќе мора да е во период кога апликациите се отворени.
    • Имајте на ум дека во една сезона можете да аплицирате на максимум три курсеви.
    • Иако пишува дека вашиот акаунт не е верифициран, откако ќе аплицирате ќе добиете мејл со понатамошни упатства како да го верифицирате вашиот акаунт.
  4. Откако ги избравте вашите омилени дестинации, ќе мора подобро да го разгледате описот на секој од нив поради тоа што ќе ви треба за да имате подобра апликација.
  5. Кога ќе ја отворите апликацијата за курсот кој го избравте, ќе треба да напишете мотивациско писмо и да одговорите на три прашања во врска со темата на курсот.
    • Мотивациското писмо ќе мора да се состои од неколку дела, и треба да биде околу една страна А4 формат.
    • Иако треба да бидат опфатени тие неколку делови, од вас зависи колку креативност ќе внесете во писмото. Најважно е на организаторите на курсот за кој аплицирате да им доловите кои сте вие и зошто баш токму вас да ве одберат.
  6. Ако го напишавте мотивациското писмо и ги одговоривте прашањата, време е да ја испратите вашата апликација, но внимавајте на рокот затоа што апликациите се затвараат после рокот и нема да може да аплицирате.
    • Доколку аплициравте на повеќе курсеви, ќе треба да ги подредите по приоритет, поради тоа што во една сезона ќе можете да аплицирате на максиумум три курсеви, а да учествувате само на еден.
  7. Сега преостанува да почекате на резултатите. Тие се објавуваат околу две недели после рокот за аплицирање. Откако ќе поминат две недели, логирајте се на www.best.eu.org и проверете го статусот на вашата апликација.
  8. Резултатите се објавени и доколку сте избрани, ви честитаме! Ќе добиете мејл со дополнителни упатства како да го потврдите вашето учество на курсот за кои сте избрани.
    • Доколку не сте избрани, не очајувајте, во наредните сезони ќе има уште многу поинтересни курсеви на уште многу поразлични дестинации, обидете се повторно во првата наредна прилика.
  • Како студент ќе можете да учествувате на три БЕСТ курсеви во текот на студирањето, од кои еден ќе мора да биде во есенска, зимска или пролетна сезона.
  • Под трошоци кои би ги имале спаѓаат само патните трошоци и такса која варира од  €0 до €11. Сместувањето и храната спаѓаат ви се обезбедени и не ги плаќате.
  • Доколку имате било какви нејаснотии и прашања, пишете ни на skopje@best.org.mk.
  • Во моментов заради ситуацијата со COVID-19 апликациите за Есенските Академски Курсеви се паузирани. Понатамошни информации ќе добиете накнадно.