Аплицирај за БЕСТ Академски Курс!
Постапката е многу лесна и едноставна! На БЕСТ академски курс може да аплицира секој студент при УКИМ кој има добро познавање на англискиот јазик..
- Доколку веќе имате акаунт на www.best.eu.org преминете на втората точка, а доколку немате, креирајте си акаунт на www.best.eu.org.
- Откако го потврдивте преку линкот кој го добивте на мејл, логирајте се.
- Пополнете ги вашите лични податоци, и останатите податоци на вашиот профил.
- Логирајте се на вашиот акаунт на www.best.eu.org.
- Прегледајте ја листата на курсеви и изберете ги курсевите кои највеќе би сакале да ги посетите.
- За да можете да аплицирате на било кој курс, ќе мора да е во период кога апликациите се отворени.
- Имајте на ум дека во една сезона можете да аплицирате на максимум три курсеви.
- Иако пишува дека вашиот акаунт не е верифициран, откако ќе аплицирате ќе добиете мејл со понатамошни упатства како да го верифицирате вашиот акаунт.
- Откако ги избравте вашите омилени дестинации, ќе мора подобро да го разгледате описот на секој од нив поради тоа што ќе ви треба за да имате подобра апликација.
- Кога ќе ја отворите апликацијата за курсот кој го избравте, ќе треба да напишете мотивациско писмо и да одговорите на три прашања во врска со темата на курсот.
- Мотивациското писмо ќе мора да се состои од неколку дела, и треба да биде околу една страна А4 формат.
- Иако треба да бидат опфатени тие неколку делови, од вас зависи колку креативност ќе внесете во писмото. Најважно е на организаторите на курсот за кој аплицирате да им доловите кои сте вие и зошто баш токму вас да ве одберат.
- Ако го напишавте мотивациското писмо и ги одговоривте прашањата, време е да ја испратите вашата апликација, но внимавајте на рокот затоа што апликациите се затвараат после рокот и нема да може да аплицирате.
- Доколку аплициравте на повеќе курсеви, ќе треба да ги подредите по приоритет, поради тоа што во една сезона ќе можете да аплицирате на максиумум три курсеви, а да учествувате само на еден.
- Сега преостанува да почекате на резултатите. Тие се објавуваат околу две недели после рокот за аплицирање. Откако ќе поминат две недели, логирајте се на www.best.eu.org и проверете го статусот на вашата апликација.
- Резултатите се објавени и доколку сте избрани, ви честитаме! Ќе добиете мејл со дополнителни упатства како да го потврдите вашето учество на курсот за кои сте избрани.
- Доколку не сте избрани, не очајувајте, во наредните сезони ќе има уште многу поинтересни курсеви на уште многу поразлични дестинации, обидете се повторно во првата наредна прилика.
- Како студент ќе можете да учествувате на три БЕСТ курсеви во текот на студирањето, од кои еден ќе мора да биде во есенска, зимска или пролетна сезона.
- Под трошоци кои би ги имале спаѓаат само патните трошоци и такса која варира од €0 до €11. Сместувањето и храната спаѓаат ви се обезбедени и не ги плаќате.
- Доколку имате било какви нејаснотии и прашања, пишете ни на skopje@best.org.mk.
- Во моментов заради ситуацијата со COVID-19 апликациите за Есенските Академски Курсеви се паузирани. Понатамошни информации ќе добиете накнадно.