Кога доаѓа до нови концепти и најразлични иновации, сите се многу скептични во однос на нивната валидност и дали истите се навистина вредни. Меѓутоа најхрабрите одлучуваат да им дадат шанса на новите интересни работи. Токму ваквите луѓе се еден од главните темели за постоењето на „Job Fair – Саемот за вработување и кариера”. Приказната на Job Fair оваа година продолжува по 17-ти пат и секоја година се збогатува за неколку успешни приказни и уште неколку храбри поединци кои не се плашат да зачекорат на патот кон своите цели и амбиции.
Токму Славе Темков, Давор Димовски и Никола Јовановски се едни од храбрите луѓе кои се дел од успешните приказни на Job Fair. Во продолжение ќе можете да ги дознаете нивните индивидуални искуства и како Job Fair како саем им помогнал при добивањето на посакуваната пракса.
1. Како дознавте за Job Fair?
Славе: Уште пред да започнам со своите студии имав слушнато за БЕСТ и настаните на оваа организација, вклучувајќи го и Job Fair. Веднаш штом почнав со своите студии се приклучив во оваа организација и бев дел од тимот што го организираше Job Fair 2018.
Давор: За Job Fair дознав преку социјалната мрежа Instagram. Морам да признаам дека бев скептик во врска со настани од ваков тип, како што се кариерните платформи, виртуелните саеми за пракса/вработување и слично, но многу ме радува што се докажа токму спротивното!
Никола: За Job Fair дознав на БЕСТ редовен состанок во амфитеатарот на МФС/ФЕИТ, запознан сум бил за овој концепт, но бев возбуден што конечно за првпат ќе го искусам.
2. Дали вие стапивте во контакт со компанијата за праксата или тие со вас?
Славе: Јас стапив во контакт со нив. Многу полесно ми беше да го добијам правилниот контакт бидејќи ги имав добиено овие информации од Job Fair.
Давор: По завршување на Јоb Fair, неколку недели подоцна бев контактиран од страна на компанијата, каде беше договорено првото интервју.
Никола: Јас прв пристапив – на деновите од саемот, се запознав со преставниците и се распрашав повеќе за компанијата, индустријата, продуктите и услугите што ги нудат и за вредностите и културата што се практикуваат помеѓу вработените.
3. Дали претходно сакавте да имате пракса во таа компанија или дознавте за нив преку Job Fair? Како се одвиваше тој процес?
Славе: За оваа компанија дознав преку Job Fair. Тогаш само што ја завршив втората година од своите студии, и сè уште бев несигурен дали сакам и дали сум спремен да извршувам пракса тогаш. Но преку штандовите и интересните презентации за време на Job Fair, успеав да дознаам повеќе за различните можности, и тоа ми помогна полесно да се одлучам за тој чекор, како и за областа во која што сакав да ја имам првата пракса.
Давор: Дефинитивно да. Компанијата во која ја обавував праксата беше на тапетот мои омилени корпорации од кои би сакал да бидам дел. Можеби тоа беше и еден од главните мотиви за аплицирање.
Никола: Јас дознав за компанијата порано, но љубопитноста ми ја создадоа кога им го забележав штандот на Job Fair.
4. Дали компаниите беа сериозни при процесот на селекција?
Славе: Да, беа многу директни и професионални. Сите информации беа навремено дадени од нивна страна и сè беше коректно.
Давор: Да, на ниво како што доликува на една ваква компанија.
Никола: При мојот циклус немав никакво сознавање за критериумите и процесите на селекција. Откога веќе бев вклучен во работењето, сведочев на процесот што беше имплементиран за селекција на мојата нова колешка – практикантка Ангела. За неа дознавме преку Јob Fair CV датабазата, по што беше проследен повик за интервју и официјална селекција и договор.
5. Каков беше процесот при добивање на пракса? Како бевте известени дека ја добивте праксата?
Славе: После поминатиот процес на апликација и селекција, добив email порака со понудата за пракса. Исто така, не долго време после тоа, бев и директно телефонски контактиран од страна на компанијата за да се осигураат дека ја имав добиено понудата и да се забрза процесот на започнување на самата пракса. Навремено ги добив сите информации, и за се што не ми беше јасно прашував и добивав брзи и концизни одговори.
Давор: Процсот се одвиваше во две фази, односно две интервјуа. На првото интервју од другата страна беа претставници од човечки ресурси, каде исходот беше определба на оддел каде би сакал да ја обавувам праксата. На второто Интервју исто така претставник од HR и инженерот кој што ме менторираше и водеше во текот на четирите месеци. По добивање на праксата имавме и “неформален” разговор, трета средба, каде ми беше објаснето, како треба да се одвива праксата во услови на пандемија, за сегрегацијата по тимови и протоколите кои беа воспоставени во компанијата.
Неколку часа по второто интервју, бев телефонски контактиран, каде бев известен дека сум дел од тимот како практикант и дека може да стартувам на договорената дата.
Никола: По пишан медиум, од главниот директор, поради што во тоа време компанијата беше мала, со помалце од 15 вработени и немаше официјална структура туку се практикуваше “flat hierarchy”, каде што со сите си се сметавме за колеги, дури главниот директор.
6. Што најмногу ви помогна да ја добиете праксата?
Славе: Имањето на точните информации околу самите позиции како и правилните контакт информации од личностите кои што беше потребно да ги контактирам.
Давор: Храброста, амбициите, одлучноста, ентузијазмот и желбата за постојано надоградување, сметам дека се главните епитети за постигнувње на целта.
Никола: Па самиот саем највеќе контрибуираше во тоа, со тоа што ми даде мене целосна доверба да аплицирам кај токму таа компанија, и факторот дека можеше да се воспостави отворен и слободен пристап со преставниците и моите тогашно идни колеги.
7. Што би им препорачале на студентите кои сега се во потрага по пракса?
Славе: Да бидат љубопитни и да посетуваат повеќе настани на коишто можат да добијат повеќе информации околу нивните можности, како и да се распрашуваат повеќе. Исто така, да не се плашат да преземаат предизвици, како и да пристапуваат директно на претставници од компании со што ќе ја прошират својата мрежа на познанства, што ќе им помогне при целиот процес на наоѓање на пракса.
Давор: Ги охрабрувам сите студенти да си ја пробаат среќата и да остават свое кратко резиме на кариерната платформа Job Fair. Колку порано во текот на своите студии толку подобро, за да можат суштински да го сфатат материјалот, да се надоградат себеси и теоретското знаење, како и негова примена во реална околина и на реални проекти.
Никола: Да се приклучат кон саемот, да пристапат кон преставниците од компаниите со целосна самодоверба и сталоженост, опуштено да направат општ разговор и да се распрашаат за компанијата, да не се двоумат да им остават контакт или да земат контакт информации од одговорниот за вработување/пракса. На крајот од денот можеби би си ги запознале нивните идни колеги.
8. Какво беше целокупното искуство и како си поминавте на праксата?
Славе: Целокупното искуство од самиот почеток на барање на пракса, до завршување на праксата за мене беше навистина интересно и многу поучно. Како што спомнав и претходно, мрежата на познанства и контакти и информациите коишто ги имав добиено за време на Job Fair беа од голема помош. На крај многу ми беше мило што со цела таа помош и поддршка успеав да се предизвикам и да го преземам овој чекор, кој ме доведе до едно прекрасно искуство што беше отскочна даска на почетокот на мојата кариера.
Давор: Одлично искуство, одлични ментори, одлични колеги, одлична атмосфера за работа. Сметам дека беше остварена “win – win” ситуација за двете страни.
Никола: Првото работно искуство, иако пракса, е специјалнo и мило на секого. Поради Јob Fair јас и компанијата се пронајдовме и се поклопивме совршено. За кратко време ќе навршам 4 години откога почнав да работам во компанијата по завршувањето на 3 месечната пракса. Благодарејќи на можноста што ми ја даде Job Fair, поминав низ четиригодишен период на личен и професионален развој, многу пријателства, патувања и многу мили и прекрасни сеќавања.
Job Fair игра голема улога во приказните на Славе, Давор и Никола. Секој од нив има посебна приказна, посебно искуство и посебни придобивки, но сите имаат едно нешто заедничко, а тоа е можноста за пракса која ја добиле преку Job Fair.
„Job Fair – Саемот за вработување и кариера” нуди вистинска можност за наоѓање на пракса во прекрасни компании кои се доверливи парнер-компании на Job Fair. Притоа овој саем ја нуди поддршката која Ви е потребна за да го направите првиот чекор при достигнување на вашите цели.
Несомнено, праксата која ќе ја добиете преку Job Fair е многу вредна и претставува прекрасно искуство за секој студент. Оваа пракса многу често е најпотребната отскочна даска кон посакуваната кариера на секоја индивидуа.
За крај, оставањето на CV e нов предизвик кој треба да се превземе, а праксата е извонредниот подарок кој доаѓа само кон храбрите и сигурни индивидуи.
Дали и Вие ќе бидете дел од успешните приказни на Job Fair?
Оставете го Вашето CV на кариерната платформа на Job Fair https://vjobfair.org.mk/home .