После уште една успешна година, влегуваме во нова, и време е XIII-от борд да ги отстапи нивните функции на нивните наследници, избрани од полноправните членови на нашата ЛБГ.
На Локалното Верификационо Собрание the Foxes (XIII-от борд) ја презентираше нивната работа и настаните кои се случија во текот на нивниот мандат како борд, и покажаа дека беа и сеуште се добар тим. Но покрај настаните, тие презентираа колку многу млади членови се приклучија на БЕСТ, колку многу полноправни членови придонесоа и помогнаа при организирањето на тие настани, и како поддршката од Алумни членовите значеше во текот на претходната година.
Како што ги оставаат местата на помладите генерации, им се заблагодаруваме на the Foxes за сè што сторија додека ги имаа следите функции:
Претседател | – | Весна Марковска |
Финансии/Потпретседател | – | Дамјан Денковски |
Секретар | – | Борче Џиковски |
Координатор за Односи со Компании | – | Александар Лаброски |
Координатор за Човечки Ресурси | – | Николина Симоноска |
Координатор за Маркетинг и Односи со Јавност | – | Иван Атанасовски |
IT Координатор | – | Филип Спасовски |
После четири часови избирање на нови Алумни, нови полноправни членови и слушајќи ги прекрасните говори од кандидатите, на 01.02.2015 ние го верификувавме новиот борд на БЕСТ Скопје, XIV-от борд кој се содржи од:
Претседател | – | Борче Џиковски |
Финансии/Потпретседател | – | Катерина Михаилова |
Секретар | – | Ирена Костовска |
Координатор за Односи со Компании | – | Кристина Новковска |
Координатор за Човечки Ресурси | – | Гоце Андонов |
Координатор за Маркетинг и Односи со Јавност | – | Надица Панковска |
IT Координатор | – | Михаил Талевски |