Кои компании можете да ги најдете на саемот за вработување и кариера #JobFair2020?

Техничките вештини кои еден студент може да ги добие преку факултетската настава, најдобро можат да се усовршат и надоградат со практично искуство или работа. За таа цел, БЕСТ Скопје го организира Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2020, кој ќе се одвива од 2 до 13 ноември 2020 година.

Целта на Job Fair, која БЕСТ Скопје ја остварува веќе петнаесет години е да ги поврзе студентите од техничките факултети со компаниите на начин кој воспоставува долготрајна професионална основа за деловна соработка. Овогодинешното издание ќе се одвива потполно виртуелно на страната на настанот каде што студентите ќе можат да учествуваат во активностите на компаниите-учеснички, како и да ги посетуваат виртуелните штандови.

Доколку сте студент кој има големи цели, ентузијазам, амбиции, и сте подготвени и желни за остварувања во кариерното поле, овој настан е вистинската шанса да бидете чекор поблиску до вашата кариера. Подоле кликнете на логото на посакуваната компанија за да го посетите нивниот виртуелен штанд.

Овој настан претставува одлична прилика за студентите да се запознаат со компании како:


Дизајн на иновативни производи за здравствени организации ширум светот со експертиза од голем број индустрии.

Водечка швајцарска софтверска компанија, нуди модерна технологија и докажани стандарди.


Студио за дигитални производи за мали и големи меѓународни компании, project development, product and mobile development.

Еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, произведува напредни електрични, електронски и безбедносни технологии


Eден од водечките производители на иновативни транзитни системи за седишта за комерцијални возила и возила за јавен превоз.




45 години искуство во utility индустријата; ја разбираат важноста на флексибилноста при работење со клиенти; Производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила

Глобален центар за испорака на ИТ решенија, фокусиран на создавање успех за клиентот преку иновација на софтвер и компјутерско програмирањe.

Производи кои позитивно влијаат врз нашите животи и животна средина, со фокус на природните ресурси, обновливата енергија и производството на челик.

Една од најголемите домашни компании за производство на цемент и други градежни материјали, со значаен придонес во развојот на земјата.


Успешна призводствена компанија  од областа на автомобилската индустрија, производство на електрична и електронска опрема за моторни возила

Светски лидер вo производство 
на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето

Канадска IT компанија за развој на софтвер – архитектура на софтверот, UX & UI дизајн, развој и управување со проекти.

Иновативна компанија која постојано инвенстира во нови производни капацитети- производство на чоколадо, какао и кондиторски производи

IT компанија со извонредни вредности за нивните клиенти, работејќи со најновите технологии за интеграција и врвни практики за обезбедување квалитет.

Светски лидер во обработка на податоци во областа на истражување на пазарот, чија мисија е постојано збогатување на знаењата и експертизата во ова поле

Eнергетска компанија и дел од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина.



Водечка информатичка куќа во регионот ориентирана кон ICT решенија во доменот на банкарството и финансискиот сектор, јавната управа и телекомуникациите.

За повеќе детали и виртуелните штандови на компаниите, посетете ја нашата нова страница – https://www.vjobfair.org.mk/ и разгледајте ги сите актуелни работни позиции и можности.

Да се биде дел од Job Fair 2020 е едно уникатно доживување кое може да ви помогне многу во вашата понатамошна кариера. Не само што ќе имате многу можности да го најдете местото кое ви е потребно да се развиете како професионалец, туку и е одлична можност за networking и запознавање на луѓе од кариерниот свет. Преземете го следниот чекор за сопствената иднина, и се гледаме на 2ри ноември на официјалното отворање!