Скопје, јули 2014, место каде 30 учесници од цела Европа ќе учествуваат на највозбудливиот настан во годината – Летниот Академски Курс.
Оваа година БЕСТ Скопје го организира 11от Летен Курс. На овај настан, кој покрај забава, ќе има и образовен карактер, студенти од 17 различни Европски универзитети ќе посетуваат предавања на темата Одржлива Архитектура од локални професори кои предаваат на Градежниот Факултет, ќе јадат македонска храна, ќе ги шетаат македонските улици и ќе имаат шанса одблиску да се запознаат со нашата култура и традиција.
Овај настан од интернационален карактер е еден од многуте кои БЕСТ Скопје традиционално ги организира во текот на целата година. Локални студенти, како и странски, покрај посетувањето на предавањата од експертите, ќе имаат можност интерактивно да се вклучат во нив, и на крајот од курсот да го докажат нивното знаење, кое ќе биде потврдено со сертификат и одредена сума на ЕКТС кредити. Сè ова е овозможено од локалната БЕСТ група, каде сите наши членови кои волонтерски инвестираат многу напор, време и ентузијазам.
Покрај академскиот дел, студентите ќе имаат можност да го видат нашиот град, да го запознаат, искусат, и да се заљубат во него. Во текот на викендот ќе имаат пауза од лекциите и ќе имаат шанса да го посетат Охрид, сите културни и историски знаменитости, и од таму да ги понесат најдобрите сеќавања и импресии. И за крај, студентите ќе имаат шанса да си ги презентираат нивните традиционални јадења и пијалоци, национални носии, песни и танци, на добро познатата Интернационална Вечер.