Мартина Папалиска и Евгенија Цветановска – Мотивациски викенд
1. Каде беше одржан мотивацискиот викенд и каква беше атмосферата таму?
– Мотивацискиот викенд беше одржан од 11-13 декември во планинарскиот дом Вртешка, на наша огромна среќа викенд со преубаво, сончево време. Ова беше нашиот прв мотивациски викенд откако сме членови во БЕСТ и само со еден збор да кажеме дека сме презадоволни не може доволно да го долови чувството, со оглед на тоа што сепак сè уште си ги собираме импресиите од тие 3 дена. Запознавање на нови пријатели, зближување со оние кои веќе ги познаваш, забава каква што со сигурност не може да се најде на друго место, интересни муабети додека се буткаме за топло место пред каминот и еден куп преубави спомени е она што секој од нас го доби како плус искуство од овој викенд.