ebec2016

Подгответе се за EBEC 2016!

Оваа година под слоганот – Awake The Engineer Within, бидете и вие дел од овој познат инженерски натпревар на кој ве очекуваат три возбудливи и незаборавни денови. Првиот ден ќе биде проследен со форусмка расправа, а останатите два дена се од натпреварувачки карактер во две категории: Case study и Team design.

Мартина Папалиска и Евгенија Цветановска – Мотивациски викенд

1. Каде беше одржан мотивацискиот викенд и каква беше атмосферата таму?

– Мотивацискиот викенд беше одржан од 11-13 декември во планинарскиот дом Вртешка, на наша огромна среќа викенд со преубаво, сончево време. Ова беше нашиот прв мотивациски викенд откако сме членови во БЕСТ и само со еден збор да кажеме дека сме презадоволни не може доволно да го долови чувството, со оглед на тоа што сепак сè уште си ги собираме импресиите од тие 3 дена. Запознавање на нови пријатели, зближување со оние кои веќе ги познаваш, забава каква што со сигурност не може да се најде на друго место, интересни муабети додека се буткаме за топло место пред каминот и еден куп преубави спомени е она што секој од нас го доби како плус искуство од овој викенд.

bericher16 1 2015

Симона Милошевиќ и Андреј Ќосевски – дел од тимот на beRICHER

1. Каков настан е beRICHER?

– Работилницата be [R]aise [I]ncomes by [C]ooperating [H]onestly with [E]xternal [R]esourses е интерен настан кој се одржува еднаш годишно, па така оваа година од 21ви до 29ти ноември се оддржа токму во Скопје. 20 студенти, членови на БЕСТ од цела Европа имаа шанса да присуствуваат на сесии одржани од интернационални тренери на БЕСТ и да научат многу нешта од областа на fundraising, корисни не само за нив туку и за организацијата на интернационално ниво. Овие тренинг сесии се направени се со цел студентите да ги подобрат своите комуникациски вештини, да научат како да се однесуваат за време на состаноци, да дознаат за најкорисните трикови при телефонирањето и предизвиците од соочување со претставници на компании, како и што се крие во невербалната комуникација.

15429127020 7d7b945159 k

Уште еден интерен настан оваа година во Скопје – beRICHER16

Од 21 до 29 ноември, БЕСТ Скопје ќе биде домаќин на настан со 20 учесници од 20 различни БЕСТ групи кои ќе имаат можност да се надоградат како себеси така и нивните локални БЕСТ групи преку тренинзи за меки вештини одржувани од страна на 6 тренери од БЕСТ интернационално.

springCourses16

Започнува аплицирањето за пролетните академски курсеви 2016

Од 1ви па сè до 29ти ноември трае аплицирањето за пролетните БЕСТ академски курсеви низ Европа!

На располагање ви се 17 курсеви во 10 земји во Европа, меѓу кои и: Шпанија, Франција, Русија, Италија и Холандија.

startap

Стартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис

Не е сè во идејата што ја имате треба да знаете како да ја искористите на најпрофитабилен начин таа идеја. Се соочувате со милион прашања во врска со започнување на вашиот бизнис. Имате страв како да излезете од вашата комфорна зона и не знаете каде и како да ја употребите таа идеја. Или имате тим и сте на добар пат за креирање на следната успешна стартап приказна, но не знаете каде да започнете.

regionalen sostanok ankara

Наташа Митева – Учесник на RM Ankara Autumn 2015

1. Што претставува RМ Анкара на кратко, кои БЕСТ локални групи беа дел од него и колку луѓе имаше вкупно?
– RМ (Regional Meeting) е настан во БЕСТ кој се случува 2 пати во годината. Оваа есен беше во Анкара, а таму можеа да се најдат делегати од локалните БЕСТ групи, тренери, делегати од департманите во БЕСТ, еден претставник од интернационалниот борд на БЕСТ и регионалниот советник. Овие регионални состаноци најчесто траат од 4-5 дена и за време на истите делегатите можат да присуствуваат на најразлични soft skills сесии, на работни групи на кои можат да ја увидат работата на департманите, но и на припреми за претстојниот генерален состанок.
Во нашиот т.н. Егејски регион се локалните БЕСТ групи: Скопје, Ниш, Подгорица, Патра, Атина, Хања, Анкара, Истанбул и Измир. Па од сите претходно набројани групи по неколку делегати + тренерите + делегати од департмани, бевме околу 50тина студенти на овој настан.

cover regrutacija

Состанок за нови членови за зимски семестар 2015/2016

Дали сакаш да запознаеш премногу нови луѓе? Дали сакаш твојот најдобар другар да е од Барселона? Дали сакаш да шеташ 2 недели во Италија за 100 евра? Дали сакаш забавни, едукативни настани со многу многу странци од цела Европа? Дали сакаш да пробуваш еден тон храна и пијалоци од цела Европа, барем 2-3 пати годишно?

Никола Јовановски – Учесник на RM Delft Autumn 2015

1. Кажи ни што претставува RМ Delft на кратко. Кои BEST локални групи беа дел од него и колку луѓе имаше вкупно?
-Regional Meeting Delft 2015 е интернационален настан кој се случуваше оваа есен (14.10 – 18.10) во холандскиот град Делфт, при што членовите се запознаваат подобро со функционирањето на BEST преку учествување на тренинг сесии за меки вештини.
Можат да учествуваат поискусни но и понови членови на BEST. Присуствуваат и тренери и кординатори од интернационалните тимови,регионалниот советник и претставник од интернационалниот борд. Но тука се и членовите од партнерската студенска организација BONDING, како и партиципанти кои се надвор од регионот, како на пример што бев јас. 🙂
Конкретно присуствуваа 9 локални BEST групи: Делфт, Брисел, Брисел УЛБ, Парис Супелек, Лиже, Торино, Рим, Нанси и Ерланген. Па така си запознав мноогу нови пријателчиња од овој северо-западен регион.