БЕСТ Скопје ви го најавува шестото издание на овогодинешниот EBEC Skopje кој ќе се одржи во реномираната кoмпанија Endava.
Овој пат под слоганот – Solve the puzzle, be a part of EBEC, не очекуваат 3 возбудливи денови, каде на првиот ден ќе имаме форумска расправа, останатите два се натпреварувачки денови во две категории: Case study и Team design.
Ве охрабруваме да се пријавите и да земете дел од овој добро познат Инженерски натпревар, да научите нешто ново, да добиете едно ново искуство од студентскиот живот и да влезете во трката за победници за овогодинешното издание.
Победниците од двата натпреварувачки денови ќе продолжат на регионално ниво, па ова е одлична можност да ги покажете вашите инженерски вештини.
Ве очекуваме!