Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје оваа година го организираше тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2017, кој се одвиваше во периодот 03.04-12.04.2017 година. Официјалното отворање на настанот се одржа на 03.04.2016 во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет. Останатите денови од саемот се одвиваа на кампусот на техничките факултети во периодот 04.04-07.04, односно, IT комапнии во периодот 04-05 април, технички компании во периодот 06-07 април. На Архитектонски и Градежен факултет саемот се одвиваше во периодот 10.04-11.04 април.
Job Fair е најголемиот и најсериозниот настан кој БЕСТ Скопје го организира, а воедно е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она кое го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално идно работно место или пракса. Додека пак, компаниите имаат можнст да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени. Нашата цел е да ги доближиме амбициите на студентите поблиску до компаниите, и да бидеме дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании.
Овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Она што е потребно е да го остават своето CV na www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании – учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година.
Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите таргетирани токму од нив.