Кои компании можете да ги најдете на саемот за вработување и кариера #JobFair2020?

Техничките вештини кои еден студент може да ги добие преку факултетската настава, најдобро можат да се усовршат и надоградат со практично искуство или работа. За таа цел, БЕСТ Скопје го организира Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2020, кој ќе се одвива од 2 до 13 ноември 2020 година.

Запознајте ги новите полноправни членови на БЕСТ Скопје!

Една од најважните работи кон кои една организација треба да се стреми е да биде на вистинскиот пат кон нејзиниот понатамошен раст и развиток. Во БЕСТ Скопје, токму полноправните членови се движечка сила на самата организација – подготвени, мотивирани, и желни за нови и подобри промени. 

На 10ти октомври во дворот на СУГС Никола Карев се одржа уште едно Генерално собрание на БЕСТ Скопје, каде нашата организација се збогати со 5 нови ентузијастични и мотивирани полноправни членови. 

General Assembly 2020 – Едно ново и поинакво доживување

За една организација да се надградува во своето постоење низ годините, важен дел е константно да се донесуваат вистинските одлуки кои се од клучно значење; така, БЕСТ секогаш ќе напредува и се развива, и нуди понатамошен развитокот на студентите.

Еден од најважните настани во БЕСТ како интернационална организација е Генералното Собрание (GA) – настан на кој се гласаат предлози поврзани со иднината на организацијата и се даваат мислења за актуелни теми. Дополнително, на овој настан се одбира наредниот интернационален борд, кој цела година ќе биде одговорен за раководењето на различни аспекти од организацијата. 

Погледни во светот на жените во инженерството!

Секој напредок и развиток на образовниот систем е чекор понапред за нас како општество. Земајќи го ова предвид, БЕСТ како организација преку своите настани и сервиси се залага за развој на студентите и на образованието во секое можно поле. Еден од главните настани кои овозможуваат на секоја локална БЕСТ група да придонесе кон таа цел се Локалните настани за образование (Local Events on Education).

Уште едно успешно издание на Европскиот БЕСТ Инженерски Натпревар – ЕВЕС 2019

Сигурно сте виделе научни саеми во американски стил (science fairs), но во Македонија многу ретко некој таков саем може целосно да ви ги долови тие искуства како во филмовите и сериите. Сепак, не е сѐ безнадежно, бидејќи амбициозните и работливите студенти-членови на БЕСТ Скопје секоја година се трудат да го организираат настанот во Европа познат како ЕВЕС, сѐ подобро и поусовршено од претходните години.

Саемот за кариера и вработување Job Fair 2016.. Започнува!

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест ви го најавува по дванаесетти пат Саем за вработување и кариера – Job Fair 2016. Настанот ќе трае од 04.05-10.05.2016. Поточно деновите на штандови ќе се одржат на ГФ/АФ на 05 – 06.05, и на кампусот технички факултети (МФС/ФЕИТ/ФИНКИ/ТМФ) на 09.-10.05.

Hakaton 40

Nordeus Хакатон 2015

Нордеус и оваа година повторно го организира Нордеус Хакатонот кој оваа година ќе се одржува на 12ти и 13ти декември во Белград. Пријавувањето започна од 5ти ноември и трае сè до 23ти ноември. Ова е веќе 5то издание на добро познатиот хакатон кој е наменет за тимови кои се состојат од програмери и графички дизајнери/3D артисти.

Endava Skopje Internship and Graduate Programme

Пракса и стажирање во ЕНДАВА

Нашиот годишен партнер Ендава има отворени позиции за аплицирање за нивните програми за дипломци и за практиканти. Ако сте студент од областа на IT, и сакате да ги усовршите вашите IT вештини и да учите од врвни професионалци од реномираната британска компанија, тогаш ова е шансата за вас. Сите детали можете да ги прочитате во продолжение.

web banner 550p

Job Fair Vol.2: Get Technical е зад аголот

По успешното прво издание на Job Fair 2015 година – Вол.1: Изградете ја својата иднина, во Март, за помалку од 10 дена од 5 Мај до 7-ми ќе се одржи уште повозбудливото второ издание на 11-тиот Саем за работа на Кампус на технички факултети под името Job Fair 2015 година – Вол.2: Get Technical.

jf15-otvoranje

Заврши првото издание на Job Fair 2015 – Vol.1: Build your future

На 9ти март во 20 часот во конференциската сала на Градежниот факултет во Скопје се одржа официјалното отворање на првото издание на JobFair 2015 – Vol.1: Build Your Future. Преостанатите два дена, 10ти и 11ти март, беа денови на штандови каде студентите имаа можност да се информираат и лично да се сретнат со преставниците на компаниите