Покана за учество на Codefest Marathon 2016

Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид.

За да аплицирате на овогодинешниот Codefest Marathon потребно е да се регистрирате на следниот линк:

http://codefest.eu/marathon#Register

Правилата за регистирање се:
– Треба да сте ученик, студент или на магистерски студии (да поседувате валиден доказ за тоа)
– Треба да составите тим од 2 до максимум 5 члена
– Аплицирате со креативна и иновативна идеја со добар бизнис потенцијал
– Да не сте започнати со реализација на идејата, инаку ќе бидете дискфаликувани (предизвикот е да се развие демо или прототип верзја на идејата, од почеток, во рамки на маратонот од 32 часа)

Рокот за аплицирање е до Март 15, 2016 година, а учеството на Маратонот е бесплатно за сите избрани тимови.

Оваа година маратонот добива и силен интернационален карактер, со тоа што стана официјален член на светски познатата лига на хакатони, Major League Hacking. Со ова тимовите-учесници ќе добијат поголема интернационална видливост, а ќе има и светски признанија за најдобрите тимови.

Воедно сите учесници кои ќе бидат избрани да учествуваат на Codefest Marathon ќе добијат бесплатен влез на конференцијата Codeference која ќе се одржи на 15 Април, како и слободен пристап до бизнис саемот CF X – Business Expo кој ќе се одвива од 15-17 Април.
Повеќе информации за Codeference и CF X – Business Expo можете да најдете на следните линкови:

http://codefest.eu/codeference
http://codefest.eu/cfexpo

Leave Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 − 9 =