БЕСТ Скопје организира есенски Регионален Состанок

Еден град, четири дена и многу меѓународни делегати – БЕСТ Скопје ја започнува академската година со Есенска Регенерална Средба, на која што 80 делегати од Турција, Грција, Србија, Црна Гора и Македонија, како и гости од цела Европа ќе земат учество во овој магичен настан.

Од  16-19 Октомври 2014, со цел да се донесат одлуки за идните проект, и соработки помеѓу БЕСТ групите и да се подобри растечката мрежа на студенти, нашиот регион го одржа овој состанок со претставници од секоја локална група.

Овој состанок игра многу голема улога во животот на организацијата како фасилитација на комуникацијата помеѓу локалните групи придонесувајќи кон сопствено и професионално подобрување од делегатите.

Покрај тренинзите и сесиите, делегатите ја имаа шансата да ја запознаат подобро Македонската култура, да ја видат убавината што Скопје ја нуди, да научат различни јазици и да пробаат традиционални јадења и пијалоци.