Како да аплицирам на бесплатен БЕСТ академски курс?

Постапката е многу лесна и едноставна! На бесплатен БЕСТ академски курс може да аплицира секој студент при УКИМ кој има добро познавање на англискиот јазик.

best courses

 

  1. Доколку веќе имате акаунт на www.best.eu.org преминете на втората точка, а доколку немате, креирајте си акаунт на www.best.eu.org.
    • Откако го потврдивте преку линкот кој го добивте на мејл, логирајте се.
    • Пополнете ги вашите лични податоци, и останатите податоци на вашиот профил.
  2. Логирајте се на вашиот акаунт на www.best.eu.org.
  3. Прегледајте ја листата на курсеви и изберете ги курсевите кои најповеќе би сакале да ги посетите.
    • За да можете да аплицирате на било кој курс, ќе мора да е во период кога апликациите се отворени.
    • Иако пишува дека вашиот акаунт не е верифициран, откако ќе аплицирате ќе добиете мејл со понатамошни упатства како да го верифицирате вашиот акаунт.
  4. Откако ги избравте вашите омилени дестинации, ќе мора подобро да го разгледате описот на секој од нив поради тоа што ќе ви треба за да имате подобра апликација.
  5. Кога ќе ја отворите апликацијата за курсот кој го избравте, ќе треба да напишете мотивациско писмо и да одговорите на три прашања во врска со темата на курсот.
    • Мотивациското писмо ќе мора да се состои од неколку дела, и треба да биде околу една страна А4 формат. Повеќе упатства околу пишувањето на мотивациското писмо може да најдете тука.
    • Иако треба да бидат опфатени тие неколку делови, од вас зависи колку креативност ќе внесете во писмото. Најважно е на организаторите на курсот за кој аплицирате да им доловите кои сте вие и зошто баш токму вас да ве одберат.
  6. Ако го напишавте мотивациското писмо и ги одговоривте прашањата, време е да ја испратите вашата апликација, но внимавајте на рокот затоа што апликациите се затвараат после рокот и нема да може да аплицирате.
    • Доколку аплициравте на повеќе курсеви, ќе треба да ги подредите по приоритет, поради тоа што во една сезона ќе можете да учествувате само на еден курс. Тоа се прави во делот Мои апликации.
  7. Сега преостанува да почекате на резултатите. Тие се објавуваат околу две недели после рокот за аплицирање. Откако ќе поминат две недели, логирајте се на www.best.eu.org и проверете го статусот на вашата апликација.
  8. Резултатите се објавени и доколку сте избрани, ви честитаме! Ќе добиете мејл со дополнителни упатства како да го потврдите вашето учество на курсот за кои сте избрани.
    • Доколку не сте избрани, не очајувајте, во наредните сезони ќе има уште многу поинтересни курсеви на уште многу поразлични дестинации, обидете се повторно во првата наредна прилика.
  • Како студент ќе можете да учествувате на три БЕСТ курсеви во текот на студирањето, од кои еден ќе мора да биде во есенска, зимска или пролетна сезона.
  • Под бесплатен се подразбира обезбедени престој и храна на местото кое се одржува курсот, но патните трошоци се на сметка на секој учесник на курсот.
  • Доколку имате било какви нејаснотии и прашања, пишете ни на skopje@best.org.mk.