Светот на науката е полн со предизвици, нови проблеми кои секоја година се појавуваат во сé поголеми броеви низ целиот свет. За возврат на ова, инженерските и научно настроените умови постојано наоѓаат нови, иновативни теоретски и практични решенија. Работата на сите инеженери и научници во себе содржи многубројни проблеми кои чекаат да бидат решени од креативните умови. Вообичаено, ова се случува во големите институти и компании. Па, логично прашање кое честопати се поставува пред голем број од луѓето во техничката сфера е:
„Што ќе правам по факултетот, каде да се вработам? Каде да најдам пракса која ќе ми овозможи да стекнам со потребното искуство?“.
Бидејќи барањето пркаса/работа е сложен процес, секој студент може да доживее одредени потешкотии во одлуката за да избере идно работно место или компанија за пракса. Оној кој бара пракса или одредена работна позиција треба долго и напорно да пребарува листи на комнпании кои ги задоволуваат неговите предоредени критериуми. Откога ќе ја поднесе апликацијата кај оние компании кои му се допаднале, следува истиот процес, но од другата страна. Компаниите прават сопствена проценка за колку aпликантот ги исполнува нивните критериуми. Поради ова, саемите за пракса и врботување играат голема улога во олеснувањето на процесот на воспоставување на комуникација меѓу студентите и работодавците.
На Job Fair, со едноставно пополнување на CV, студентите се контактирани од фирмите кои учествуваат на саемот. Компаниите-учесници на настанот се оние кои сигурно бараат работна сила, затоа има голема веројатност, доколку некој студент се сретне со компанија која работи во неговата област на студирање, да биде воспоставена комуникацијата за соработка.
Нашето искуство покажало дека CV дата базата е соодветна алатка за поврзување на голем број компании-учесници и апликанти. Системот кој претходно бил направен во форма на CV-книга еволуирал во база на податоци од која секоја компанија лесно може да одбере што бара од кандидатите.
Едноставноста на овој модел на врска помеѓу компаниите и студентите има неколку предности:
- Учествуваат голем број компании кои сигурно се заинтересирани за наоѓање нова работна сила. Меѓу нив има нови компании за кои можеби дел од луѓето воопшто немаат слушнато.
- Веб страната го олеснува процесот на аплицирање бидејќи се остава резиме со одговарање на едноставни прашања и одбирање на соодветните вештини кои ги поседува апликантот. Всушност, целиот е настан е соодветен за почетници кои до сега не пишувале CV.
- Компаниите Ви се обраќаат директно Вам бидејќи веќе ги имаат вашите контакт информации.
Многу реномирани локални и интернационални компании имаат аплицирано во претходните изданија на Job Fair, а некои од нив се: Allocate, Netcetera, Aptiv, MCA, Mecoms, ScaleFocus, Kiel, Liberty, Marquardt, Johnson Matthey, Usje, Sample Solutions, Asseco see, Makprogres, CodeChem, IWConnect и EVN.
Има голем број на успешни приказни за покани на интервјуа и понуди за работа/пракса кои до сега биле овозможени со помош на Job Fair.
Со само 3 минути одвоено време и лесно пополнета форма, и Вие би можеле да станете дел од стотиците студенти кои среќно го продолжиле процесот на професионално развивање во некоја од компаниите на овој саем.
Oвој настан не треба да биде пропуштен од ниту еден студент бидејќи претставува одлична шанса за наоѓање пракса и идно вработување.
Преземете го следниот чекор и посетете ја страната на vjobfair.mk, оставете го вашето CV во нашата виртуелна датабаза. Job Fair 2023 ќе се одвива од 13ти до 17ти Март во просториите на техничките факултети. Посетете го саемот кој ќе ве донесе поблиску до работата од вашите сонови!