Преврти го твојот студентски живот на “најдобрата“ страна

Секоја голема промена започнува од мала искра. Па, време е да го запалиш првото чкорче на пламениот успех во твојот живот.

Сѐ што ти треба – 24 слободни часа посветени на иновација и тимска соработка.

Ти треба повеќе мотивација? Слушни го ова:

Кој збор ги опишува компаниите: Carousell, Zapier, Facebook’s (Meta) Apps, EasyTaxi и TWITTER (X)? 

Хакатон.

 

hackaton_cover_design

Хакатоните, оние интензивни натпревари во програмирање и иновации, не само што ги засилуваат вештините на учесниците туку и им обезбедуваат платформа за креирање на иновативни бизнис идеи. Секоја година, бројни успешни стартапи настануваат од овие настани, и тоа со голем успех.

    • Carousell: Carousell, кој започна како едноставен пазар во Сингапур, се разви во комплексна платформа за купување и продавање разни предмети, со вредност од  1.1 милијарди долари започнат од хакатонот Startup Weekend во Сингапур во 2012 година.

    • Twitter: Твитер, американската микроблогинг и социјална мрежа, овозможува на корисниците да објавуваат и да комуницираат меѓусебно со кратки пораки наречени “твитови“. Неговите корени потекнуваат од Odeo Hackathon, а компанијата сега има вредност од $44 милијарди.

    • Zapier: Запиер е алатка за автоматизација без кодирање која поврзува разни апликации за автоматизација на репетитивни задачи, потекнува од Startup Weekend хакатонот и сега има вредност од $5 милијарди.

    • Meta (Facebook) ads: Неколку од најшироко користените производи на Facebook, кои ги користат милијарди корисници, настанаа на интерни Facebook хакатони и се дел од Meta, матичната компанија.

    • EasyTaxi (Cabify): EasyTaxi, купен од Cabify, е шпанска компанија за споделување на возила која нуди услуги преку својата мобилна апликација. Основана од Хуан де Антонио во 2011 година, тоа доби $304 милиони од инвестициски фондови.

Океј, доби мотивација и сега што?

Заследи го @bestskopje (BEST Skopje) на социјалните мрежи и ситно одбројувај до официјалната најава на нашиот BEST Хакатон кој ќе биде најголемиот пресврт во твојот студентски и професионален живот.

Hint: Нашата партнер компанија која ја “крчка” (читај: подготвува) твојата хакатонска задача се крие некаде во горниот текст. Натпреварот може да започне уште сега.